Фон дер Лајен: Украина нема сама да се соочи со зимата

Претседателката на Европската комисија истакна дека ЕУ обезбедува итна енергетска помош за за поддршка на Украина и дека истовремено разгледува опции за финансиска поддршка на земјата

FOTO DE ARCHIVO: La presidenta de la Comisión Europea, Ursula von der Leyen / Reuters

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека ЕУ стои зад Украина и е подготвена да ја обезбеди потребната помош за земјата да не се соочи сама со претстојната зима.

„Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои со вас и обезбедува итна енергетска помош за поддршка на Украина во наредните месеци“, напиша фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека Европската комисија истовремено разгледува опции за обезбедување на потребната континуирана финансиска поддршка за Украина.

„Утре ќе го усвоиме нашиот Пакет за проширување, кој ќе ја истакне извонредната посветеност на Украина на нејзиниот европски пат во текот на изминатата година“, рече претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен нагласи дека пораката на Комисијата е јасна, имено дека Украина е подготвена да продолжи напред.

Руските напади врз украинската инфраструктура се интензивираа во последните денови и затоа, според украинскиот јавен сервис Суспилна, има големи прекини и ограничувања на капацитетот за дистрибуција на електрична енергија во Украина, а во неделата, целиот регион Донецк остана без електрична енергија поради руските напади.