Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов, се урна историска зграда
Пожарот започнал во продавница на улицата Јунион, а потоа се проширил на зградите во близина на централната железничката станица во Глазгов, според весникот „Хералд“
Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов, се урна историска зграда / Reuters
Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов синоќа, предизвикувајќи уривање на историска зграда, јавува Анадолу.
Пожарот започнал во продавница на улицата Јунион, а потоа се проширил на зградите во близина на централната железничката станица во Глазгов, според весникот „Хералд“.
Зграда од викторијанската ера околу железничката станица се урна откако пожарот се прошири.
Пожарот не беше изгаснат до утринава, а противпожарните екипи сè уште беа на местото на настанот.
Властите соопштија дека денес станицата ќе биде затворена.