| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
„Туркије ги обнови разурнатите подрачја во рекордно краток рок од три години“, порача Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека жртвите нема да бидат заборавени.
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година / AA
6 февруари 2026

Туркије ги обнови разурнатите подрачја „во рекордно краток рок од три години“, порача Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека жртвите нема да бидат заборавени.

Претседателот на Туркије во петокот им оддаде почит на настраданите во земјотресите што на 6 февруари 2023 година го погодија југот на Туркије, по повод третата годишнина од катастрофата, порачувајќи дека владата го исполнила ветувањето за обнова на разурнатите градови во краток рок.

Реџеп Таип Ердоган го одбележа сеќавањето на жртвите од двата силни земјотреса што пред три години погодија 11 провинции, нагласувајќи ја трајната посветеност на државата кон зачувување на споменот на настраданите и обновата на погодените подрачја.

„Нема да ги заборавиме нашите браќа и сестри кои, поради двата големи земјотреса што ги доживеавме пред точно три години, се преселија кај Милостивиот“, порача Ердоган на турската социјална мрежа NSosyal.

„Му ветивме на нашиот народ дека нивниот спомен засекогаш ќе го носиме во срцата и мислите, ќе го чуваме она што ни го доверија и повторно ќе ги издигнеме нашите градови кои земјотресот ги разурна. Денес, со дозвола на Алах, го надминавме овој предизвик и ги обновивме и оживеавме нашите градови за само три години. Го одржавме зборот“, додаде тој.

Објавата на Ердоган вклучуваше и видео-снимка што ги прикажува размерите на разурнувањата предизвикани од земјотресите, како и напорите за обнова што потоа беа спроведени низ целиот погоден регион.

Земјотресите од 6 февруари 2023 година, со епицентар во јужната провинција Кахраманмараш, предизвикаа огромни разурнувања во повеќе провинции на југот на Туркије, при што десетици илјади луѓе го загубија животот, а инфраструктурата и станбените објекти претрпеа големи штети.

Претседателот подоцна во петокот треба да присуствува и на комеморативни церемонии во знак на сеќавање на жртвите од земјотресот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство