Русија тврди дека првата група војници е разменета со Украина според договорот од Истанбул

Според Министерството за одбрана, вратените руски војници и цивили моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат психолошка поддршка и медицинска нега

Министерството не прецизираше за колкав број станува збор, туку дека е разменет „еквивалентен број воени заробеници“ со Украина / Reuters

Руското Министерство за одбрана во понеделник објави дека Москва и Киев ја размениле првата група војници под 25 години како дел од првата фаза од големата размена на заробеници, која беше спроведена врз основа на договорот постигнат минатата недела во Истанбул.

Министерството не го прецизираше точниот број на војници, додавајќи само дека е разменет „еквивалентен број воени заробеници“ со Украина.

Според Министерството, вратените руски војници и цивили моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат психолошка поддршка и медицинска нега.

„Сите репатрирани лица ќе бидат префрлени во медицински установи во Русија за понатамошен третман и рехабилитација“, се вели во соопштението.