| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Украинскиот парламент го потврди назначувањето на Јулија Свириденко за премиер
Нашата влада го поставува својот курс за Украина која цврсто стои на сопствените темели, воени, економски и социјални, мојата клучна цел се реални, позитивни резултати што секој Украинец ќе ги почувствува во секојдневниот живот, рече премиерката
Украинскиот парламент го потврди назначувањето на Јулија Свириденко за премиер
Претставниците на Врховната рада ја одобрија Свириденко за функцијата со 262 гласа „за“ од вкупно 450 пратеници / Reuters
17 јули 2025

Украинскиот парламент во четврток гласаше за назначување на Јулија Свириденко за нов премиер на земјата.

Пратеникот Олексиј Гончаренко напиша на Телеграм дека претставниците на Врховната рада ја одобрија Свириденко за функцијата со 262 гласа „за“ од вкупно 450 пратеници.

Пред гласањето, Свириденко ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за економија од ноември 2021 година.

„Нашата влада го поставува својот курс за Украина која цврсто стои на сопствените темели, воени, економски и социјални. Мојата клучна цел се реални, позитивни резултати што секој Украинец ќе ги почувствува во секојдневниот живот“, рече таа на социјалната мрежа X.

Таа ги наведе сигурните залихи за украинската армија, проширувањето на домашното производство на оружје и зајакнувањето на технолошката сила на одбранбените сили на земјата како приоритети на нејзината влада за следните шест месеци.

Во понеделник, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ја номинирал Свириденко да ја води владата, сигнализирајќи почеток на голема реконструкција на кабинетот додека војната меѓу Русија и Украина беснее во својата четврта година.

Врховната рада вчера ја одобри оставката на поранешниот премиер Денис Шмихал и неговиот кабинет. Шмихал ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата.

Тој треба да биде назначен за минситер за одбрана.

Свириденко, пак, стана втората жена што ја презеде функцијата украински премиер по Јулија Тимошенко, која кратко ја извршуваше функцијата во 2005 година, а подоцна од декември 2007 година до март 2010 година.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири