Средба Сали-Купман во Брисел

Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази

By
Средба Сали-Купман во Брисел / Влада на РСМ

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа на дигитализацијата, како и клучните реформи во рамки на процесот на европска интеграција, беа во фокусот на средбата на првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали со генералниот директор за проширување на ЕУ Герт Јан Купман во Брисел.

Како што соопшти МЕП, на средбата биле посочени конкретните придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, вклучително и пристапувањето кон Единствената европска платежна област (SEPA), како и унапредувањето на дигиталните иницијативи, меѓу кои и проектот WiFi4WB.

„Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази, како и за актуелните предизвици поврзани со Системот за влез/излез и трговските политики на Европската Унија“, стои во соопштението на Министерството.

Како што додаваат оттаму, во овој контекст била нагласена важноста на континуираната соработка и ефективната меѓуинституционална координација за успешно остварување на заедничките цели.