| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
СП 2026: Мартинели горд на победоносниот гол против Јапонија
„Ова многу ми значи. Целото мое семејство гледа, пријателите дома, нашите луѓе слават. Пресреќен сум и навистина горд. Оваа победа ни дава дополнителна самодоверба да продолжиме.“
СП 2026: Мартинели горд на победоносниот гол против Јапонија
СП 2026: Мартинели горд на победоносниот гол против Јапонија

Бразилскиот репрезентативец Габриел Мартинели, кој го постигна победоносниот гол на вечерашниот натпревар против Јапонија во осминафиналето на Светското првенство, изјави дека е горд и оти тимот продолжува на мундијалскиот турнир со многу самодоверба.

„Ова многу ми значи. Целото мое семејство гледа, пријателите дома, нашите луѓе слават. Пресреќен сум и навистина горд. Оваа победа ни дава дополнителна самодоверба да продолжиме. Мораме цврсто да останеме на земја и ако е така, можеме да очекуваме уште добри работи“, рече Мартинели, пренесе МИА.

Бразил се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во Хјустон ја совлада Јапонија со 2:1.

Јапонија поведе во 29. минута со голот на Каишу Сано, а Каземиро израмни во 56. минута. Победата за Бразил ја донесе Габриел Мартинели во шестата минута од судиското продолжение.

„Се боревме во текот на целиот натпревар и сакавме да ја задржиме топката. Знаевме дека порано или подоцна ќе можеме да се приближиме до голот. Јапонија играше навистина добро во одбраната навистина добро, но ние одлично се снајдовме, ја контролиравме играта и на крајот ја создадовме можноста што ни ја донесе победата“, рече Мартинели.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Парламентарна делегација на НАТО го посети турскиот гигант за беспилотни летала Бајкар
Бројот на жртви во разорните земјотреси во Венецуела достигна 1.700
Двајца припадници на Иранската револуционерна гарда убиени во терористички напад
Претседателот на Собранието, Гаши го посети Деловниот совет Туркије-Северна Македонија при ДЕИК
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Јенот падна на најниско ниво во последните 39 години
Нелегални израелски доселеници сакаат да заземат сто стратешки локации во окупираниот Западен Брег
Иран и Франција разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Трамп им се закани со „проблеми“ на продавачите на горива ако не ги намалат цените
Заврши Мундијалот за Холандија и Германија, изгубија на пенали од Мароко и Парагвај
СП: Бразил во судиското продолжение ја совлада Јапонија и се пласира меѓу 16 најдобри во светот
Гардијан: ЕУ од 1 јули воведува царина од три евра по артикл во пакети кои доаѓаат надвор од унијата
Макрон: Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на Блискиот Исток
Полска: Tрансферот на МиГ-29 во Украина зависи од договорот за технологија на беспилотни летала
Трамп: Иран побара состанок, тој ќе се одржи утре во Доха