Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин

Иран претходно објави дека го затворил Ормускиот Теснец за бродови што им припаѓаат на земји поврзани со американските и израелските напади врз земјата.

By
Овој морски теснец претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси / Reuters

Иранските вооружени сили денес повторно истакнаа дека го контролираат стратегискиот Ормуски Теснец и предупредија дека на Соединетите Американски Држави (САД) и на земјите кои учествувале во неодамнешните напади врз Иран нема да им биде дозволен премин низ овој клучен морски коридор.

„Без никакво сомневање или занемарување, Ормускиот Теснец е под мудрото управување на храбрите поморски сили на Револуционерната гарда. Американските агресори и нивните партнери немаат право да поминуваат овде“, соопшти Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, единица задолжена за надгледување на воените операции.

Иран претходно објави дека го затворил Ормускиот Теснец за бродови што им припаѓаат на земји поврзани со американските и израелските напади врз земјата.

Овој морски теснец претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.