| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Непал: Демонстрантите бараат поранешна министерка за правда да ја предводи привремената влада
Насилните протести во кои 34 лица беа убиени во судири со полицијата, го принудија премиерот К.П. Шарма Оли да се повлече, а демонстрантите бараат Сушила Карки (73) поранешна министерка за правда во пензија, да ја предводи привремената Влада
Непал: Демонстрантите бараат поранешна министерка за правда да ја предводи привремената влада
Војниците продолжуваат да патролираат по улиците на Катманду, а продавниците, училиштата и универзитетите остануваат затворени / Reuters

Младите непалски демонстранти од „Генерацијата З“ во четврток ја поддржаа поранешната министерка за правда, првата жена во земјата што некогаш ја држела оваа позиција, како привремена премиерка што ќе ја води земјата низ турбулентни времиња и повикаа на распуштање на парламентот.

Денови насилни протести, во кои 34 лица беа убиени во судири со полицијата, го принудија премиерот К.П. Шарма Оли да се повлече. Демонстрантите бараат Сушила Карки, 73-годишна поранешна министерка за правда, која сега е во пензија, да ја преземе функцијата привремена шефица на владата.

Невидените протести во Непал го одразуваат длабокото незадоволство од политичката елита во земјата, која младите ја обвинуваат за широко распространета корупција и неспособност за оживување на економијата, а гневот е поттикнат од блокадата на социјалните медиуми што оттогаш е укината.

Сушила Карки, која во 2016 година беше првата жена назначена за министерка за правда, се појави како водечки кандидат да стане привремена лидерка на осиромашената хималајска земја, сместена меѓу Индија и Кина.

Непал имаше 14 премиери од 2008 година, а постојаната борба за власт и променливите партиски сојузи длабоко ги разочараа граѓаните, особено младите.

Водачите на протестите го предложија нејзиното име на претседателот и војската, рече претставникот на протестите Оџасви Раџ Тапа.

„Ќе го распуштиме парламентот. Не се обидуваме да го поништиме уставот, иако можеби ќе треба да направиме некои измени во уставот“, рече Тапа.

Повеќе од 1.300 луѓе беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили, соопшти Министерството за здравство.

Војниците продолжуваат да патролираат по улиците на Катманду, а продавниците, училиштата и универзитетите остануваат затворени. Моментално работат само службите за итни случаи.

Кирки се согласи да ја предводи привремената влада и се во тек напори за наоѓање начин за нејзино назначување што е во согласност со Уставот.

Според локалните медиуми, Кирки моментално е во преговори со претседателот Рамчандра Паудел и началникот на армијата Ашок Раџ Сигдел.

Владини згради и домови на политички лидери беа нападнати низ целата земја за време на протестите, а во вторник беше запалена и зградата на парламентот. Исто така, во вторник, сопругата на поранешниот непалски премиер Џаланат Канал, Раби Лакшми Читракар, почина од изгореници откако демонстрантите ја запалија нивната куќа во Далу.

Според членовите на семејството, група демонстранти наводно ја натерале да влезе во куќата пред да ја запалат. Таа била итно префрлена во болница во критична состојба, но не ги преживеала повредите.

Се вели дека некои лидери, вклучително и министри, се засолниле во воени објекти.

Демонстрантите, кои досега во голема мера го прекршуваа полицискиот час, сега бараат одговорност и реформи во управувањето.

Тие повикаа на прекин на насилството, велејќи дека „Генерацијата З“ ќе биде обвинета за штети и нереди и дека ништо нема да се постигне. Тие, исто така, повикаа на голема операција за чистење низ градовите во Непал.

Повеќе
Кремљ: Путин и Трамп водат конструктивен дијалог и покрај нивните разлики
Се спушти завесата на самитот во Анкара: Што е следно за НАТО?
Јужна Кореја ја потврди затворската казна за соборениот претседател Јун поради блокирање на апсењето
Индија и Австралија потпишаа договор за ураниум
Премиерот на Гренланд: Гренланд не е на продажба
Украина ќе добие лиценца од САД да произведува ракети за Патриот
Усвоена Декларацијата од НАТО самитот во Анкара: поголем одбранбен поттик и поддршка за Украина
Шпанија ја отфрла најновата трговска закана на Трамп
Мерц: Русија нема шанси за победа во Украина
Трамп: За мене, примирјето со Иран е завршено, тие се канцер
Ле Пен повторно влегува во трката за претседател на Франција и покрај пресудата
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Администрацијата на Трамп е тужена поради наводно споделување на евиденција за азил со Иран
Ле Пен прогласена за виновна, но судот ѝ ја скрати забраната за вршење на јавна функција
Макрон стана првиот шеф на држава од ЕУ што ја посети Сирија по соборувањето на Асад
Трамп до Иран: Склучете нуклеарен договор или ќе се соочите со воена акција
Руте ги повика НАТО сојузниците да ги претворат издвојувањата за одбраната во воени капацитети
Иранскиот спикер, Галибаф: Спроведувањето на меморандумот со САД „тешко, но можно“
Поранешниот јужнокорејски премиер објави кандидатура за лидер на владејачката партија
Договор за неширење на нуклеарното оружје: Пактот што го преобликуваше нуклеарното доба