| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Од полноќ поскап бензин и поевтин дизел
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84,50 денари за литар и дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија
Од полноќ поскап бензин и поевтин дизел
Премиерот Мицкоски најави разговори со ОКТА за евентуално продолжување на попусите за големопродажните и малопродажните трговции и во текот на мај / Reuters

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.

„Од 28.4.2026 година од 00:01 часот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84,50 денари за и дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,50 денари за литар“, соопшти Регулаторна.

Според одлуката на комисијата, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 96,00 денар за литар, мазут М-1 НС за 46,656 денари за килограм/

Во однос на одлуката РКЕ од минатата недела, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари за килограм.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, денеска потврди дека кај бензините ќе има мало зголемување, но како што додаде, кај нив ДДВ е сè уште 10 проценти и така ќе остане до крајот на неделата.

Мицкоски ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе го врати ДДВ за дизелот од 18 повторно на 10 отсто и дали претходната одлука била преуранета бидејќи цените на горивата бележат зголемување, на што тој кажа дека не мисли оти одлуката била преуранета и дека според Македонија како држава два месеци е пример „за начинот на кој се справуваме со енергетската криза“, за која рече дека е увезена поради геополитичките случувања.

„Кон крајот на неделата ќе ги правиме математиките и ќе носиме одлуки како понатаму. До крајот на април останува и договорот со ОКТА, така што апсолутно како влада во овие два месеци се бориме жилаво и успеавме да не дозволиме како многу пати во минатото да бидеме на дното, туку да бидеме на врвот според процентот на мерки од нашиот бруто-домашен производ, а од друга страна да немаме ценовни шокови и инфлации со двоцифрени проценти, како што тоа впрочем беше во 2022 година“, изјави премиерот.

Тој најави дека со министерката за енергетика во текот на неделава ќе раговараат со ОКТА во однос на евентуално продолжување на договорот со компанијата за да им даде попуст на големопродажните и малопродажните трговци и во текот на мај.

Премиерот додаде и дека сè уште има притисок од граѓани на соседни држави кои доаѓаат да ги полнат резервоарите на безнинските пумпи во земјава, но и покрај тоа засега не се размислува за воведување некакви забрани за извоз, односно реекспорт на нафта и нафтени деривати.

„Сè уште со керозин снабдуваме некои од регионалните аеродроми и не размислуваме како влада да воведеме забрана за извоз или реекспорт на нафта и нафтени деривати и не размислуваме како влада да ги ограничиме нашите бензински пумпи да точат гориво само на автомобили и друг тип на патнички возила со македонски регистарски таблички, напротив, сакаме да покажеме и солидарност кон регионот, но и да покажеме дека Македонија е фактор на стабилност во регионот“, рече Мицкоски.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови