Во тековната израелска офанзива врз Либан убиени се над 3.000 луѓе, а раселени се повеќе од еден милион, изјави денес либанскиот претседател, нагласувајќи дека „нема друга опција освен преговори“ со Израел, јавува Анадолу.
„Во Либан животот го загубија повеќе од 3.000 луѓе, над еден милион се раселени, а илјадници домови се уништени, додека на оваа криза сè уште не ѝ се гледа крај“, изјави Жозеф Аун на средбата со делегацијата претставници на синдикатите, се наведува во соопштението на Претседателството.
„Должност на државата е да се грижи за своите граѓани, а не да стои со скрстени раце. Нема друга опција освен преговори“, додаде тој.
Аун рече дека неговата администрација е посветена на зачувувањето на граѓанскиот мир и внатрешната стабилност во Либан и на „спречувањето на раздорот што би можел да го загрози опстанокот на земјата бидејќи секој што поттикнува таков раздор им служи на интересите на Израел“.
„Силата не е во водењето војна, туку во тоа да се има храброст да се прекине војната преку преговори кои се во интерес на земјата“, додаде тој.
Тој ги даде овие изјави еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел и Хезболах се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади по контактите остварени преку посредници.
Трамп изјави дека преку посредници остварил контакти со двете страни и добил уверување дека „сите борбени дејства ќе престанат“.
Сепак, израелската армија и денес ги продолжи своите напади врз Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а кој подоцна беше продолжен за 45 дена по индиректните преговори со посредување на САД.
Според либанското Министерство за здравство, повеќе од 3.400 луѓе загинале во нападите од 2 март наваму.


















