Целосно женска екипа во ракетата на Џеф Безос денеска оди во вселената, вклучувајќи ја и Кети Пери
Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година, а како што се предвидува, ракетата ќе ја премине таканаречената линија Карман или меѓународно признатата височина на која започнува вселената
Ракетата „Њу Шепард“, произведена од компанијата „Блу Ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, денеска ќе биде лансирана во вселената со целосно женска екипаж, вклучувајќи ја и поп-ѕвездата Кети Пери.
Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година, а како што се предвидува, ракетата ќе ја премине таканаречената линија Карман или меѓународно признатата височина на која започнува вселената.
Покрај Пери, во ракетата „Њу Шепард“ се и водителката Гејл Кинг, новинарката и партнерка на Џеф Безос Лорен Санчез, ракетниот научник Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгуен и филмската продуцентка Кериен Флин.
Станува збор за автоматизирана ракета за која не е потребен пилот, па сите жени се всушност патници и нема да имаат контрола над летот.
„Њу Шепард“ ќе полета од западен Тексас во 15:30 часот по средноевропско време, а мисијата ќе трае околу 11 минути.