| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Зеленски: 17 лица загинаа, а 44 се повредени во ноќните напади врз Киев
Во нападот биле употребени 24 балистички ракети, четири ракети „Циркон“ и „Оникс“ и 115 дронови, од кои многу се на млазен погон, рече Зеленски
Зеленски: 17 лица загинаа, а 44 се повредени во ноќните напади врз Киев
Зеленски: 17 лица загинаа, а 44 се повредени во ноќните напади врз Киев

Седумнаесет лица загинаа, а 44 се повредени во ноќните напади врз Киев и околниот Киевски регион, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во нападот биле употребени 24 балистички ракети, четири ракети „Циркон“ и „Оникс“ и 115 дронови, од кои многу се на млазен погон, рече Зеленски во соопштението на Телеграм.

Магацини, инфраструктура и железничка станица беа меѓу целите, додаде тој.

Зеленски повика на зголемување на испораките на пресретнувачи на балистички ракети за Украина, повикувајќи ги Г7 и ЕУ да воведат дополнителни санкции врз руските производители на балистички ракети.

Во меѓувреме, Министерство за одбрана на Русија соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила 475 украински дронови над руските региони и Црното и Азовското Море во текот на ноќта.

Во Ростовскиот регион, според гувернерот Јуриј Сљусар, повеќе од 40 беспилотни летала биле уништени над областите Тарасовски, Каменски, Милеровски и Неклиновски.

Паѓачките остатоци предизвикаа пожар на сува трева во населбата Неклиновски, кој подоцна беше изгаснат, рече Сљусар.

Во регионот Тула, пожар избувна во центарот за сортирање „Вајлдберис“ откако падна дрон, изјави гувернерот Дмитриј Милјаев.

Две станбени згради и два индустриски објекти беа исто така оштетени. Според извештаите, едно лице е повредено.

Во Татарстан, паѓањето остатоци од беспилотни летала предизвика мал пожар во цивилен објект во округот Зеленодолск, според началникот на округот Михаил Афанасиев.

Пожарот бил брзо изгаснат, а нема информации за повредени.

Тврдењата од двете страни не можеа независно да бидат потврдени.

Повеќе
ЦИА се сомнева во тврдењето на Израел за наводниот ирански заговор против Трамп по НАТО самитот
Туркије и Бугарија разговараа за нови железнички врски
Француските пожарникари започнаа голем штрајк поради недостиг на кадар и ресурси
Во Владата одбележана 25-годишнината од Рамковниот договор
Свлечиште од земја уби најмалку 5 лица во нелегален рудник за злато во Индонезија
Јужнокорејскиот претседател повикува на „паметна“ војска поради ниската стапка на наталитет
Во Албанија избувнаа 45 пожари во рок од едно деноноќие
30 притворања во операцијата против криминалната организација Алихан Куриш
Рускиот претседател го посети курилскиот остров Итуруп
Аеродромот во Истанбул го сруши рекордот за дневен сообраќај на патници во Туркије и Европа
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим отпуштен од болница по операцијата
Хегсет: Земјите од Латинска Америка да го напуштат Меѓународниот кривичен суд
Двајца загинаа при пад на американски хеликоптер „Апачи“ во Тексас
Фидан: Туркије ќе продолжи со конструктивната и посредничка улога во Либија
Бројот на жртви од земјотресот во Колумбија се искачи на 265