Трамп: НАТО е хартиен тигар без САД, сојузниците се кукавици и ќе го запомниме тоа

Претсадателот на САД оцени дека борбата сега е „воено добиена“, со мал ризик за другите земји, но дека и покрај ова некои членки на алијансата ги критикуваат високите цени на нафтата

By
Според него, причината за зголемувањето на цените е во Ормускиот теснец, а сојузниците, како што тврди, не сакаат да помогнат во неговото отворање / AP

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ги критикуваше сојузниците во НАТО за, како што изјави, нивното одбивање да учествуваат во операциите против Иран и рече дека Вашингтон ќе го „запомни“ таквото однесување.

Трамп на својата социјална мрежа Вистина (Тruth Social) изјави дека НАТО без Соединетите Американски Држави е „хартиен тигар“ и дека сојузниците се „кукавици“ затоа што не сакале да учествуваат во борбата за запирање на „нуклеарниот Иран“.

Тој оцени дека борбата сега е „воено добиена“, со мал ризик за другите земји, но дека и покрај ова некои членки на алијансата ги критикуваат високите цени на нафтата.

Според него, причината за зголемувањето на цените е ситуацијата во Ормускиот теснец, а сојузниците, како што тврди, не сакаат да помогнат во неговото отворање, кое го опиша како „едноставен воен маневар“.

„Би било лесно за нив и со минимален ризик. Кукавици, ние ќе го запомниме тоа“, заклучи Трамп.

Сепак, некои членки на НАТО ги отфрлија повиците на Трамп, наведувајќи дека се подготвени да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, важен нафтен пат, но не за време на војна која, како што истакнуваат, тие не ја започнале.

САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, на 28 февруари, во она што го нарекоа „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.