Зеленски: И натаму постојат празнини во врска со Донбас во преговорите кои ги преводат САД
Украинскиот претседател ги нагласи нерешените територијални прашања и побара јасни безбедносни гаранции од Западот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека преговарачите кои работат на мировен предлог посредуван од САД сè уште не постигнале договор за контрола на источните региони, истакнувајќи дека Украина, САД и Русија сè уште не се целосно согласни околу иднината на регионот Донбас.
Во изјава за Блумберг објавена денеска, Зеленски рече дека сè уште се дискутираат неколку „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги долгорочните безбедносни гаранции и територијалните аранжмани што ги опфаќаат Донецк и Луганск во Донбас.
„Постојат визии за САД, Русија и Украина - и ние немаме унифициран став за Донбас“, рече тој, додавајќи дека Киев исто така инсистира на посебен договор за безбедносни гаранции од западните партнери, особено САД.
Неговите коментари следеа по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека е „малку разочаран“ од Зеленски и тврдеше дека украинскиот лидер сè уште не го разгледал целиот предлог, додека наведе дека Москва е „во ред со тоа“.
Зеленски отфрли секаков предлог за повлекување, велејќи дека е потребна повеќе работа за да се постигне консензус.
Украинскиот лидер повтори дека Киев очекува безбедносни гаранции со ниво на заштита споредливо со Член 5 на НАТО, во кој се наведува дека вооружен напад врз една или повеќе членки ќе се смета за напад врз сите.
„Постои едно прашање на кое јас - и сите Украинци - сакаме да добиеме одговор: ако Русија повторно започне војна, што ќе прават нашите партнери“, рече тој.
Зеленски пристигна во Лондон на средби со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за понатамошни разговори за мир во Украина.