| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Нашиот европски пат почна пред 26 години, дури и пред пристапувањето на Хрватска во Унијата, а земјата и понатаму се бори за остварување на своите права, рече премиерот на самитот посветен на отпорноста во Диселдорф
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет, рече Мицкоски

Северна Македонија веќе 15 години останува надвор од Европската Унија поради вештачки прашања наметнати од земја членка на Унијата, оцени премиерот Христијан Мицкоски на панелот „Отпорноста како императив за севкупното општество“, во рамки на самитот посветен на отпорноста во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, што се одржува во Диселдорф.

Премиерот истскн дека ваквиот пристап ја доведува во прашање и отпорноста на самата ЕУ.

Во објава на својот Фејсбук-профил, премиерот посочи дека блокадите со кои се соочува земјава претставуваат ранливост во системот на Европската Унија и дека е потребна поодлучна реакција од европските институции.

„Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка на ЕУ, а на сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ. Кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси“, напиша Мицкоски.

Тој оцени дека Европската Унија треба да преземе посериозни и поконкретни мерки кога земја кандидат се соочува со прашања од минатиот век наметнати од нејзина земја членка.

Премиерот нагласи и дека членството во Европската Унија треба да значи прифаќање и надградување на европските вредности, а не промена на националниот идентитет.

„Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитетот“, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека европскиот пат на Македонија започнал пред 26 години, дури и пред пристапувањето на Хрватска во Унијата, и нагласи дека земјата и понатаму се бори за остварување на своите права.

„Дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ и така ќе продолжиме“, порача премиерот на панелот во Диселдорф.

Мицкоски вчера оствари и билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна -Вестфалија, како и состаноци со голем број компании, меѓу кои и со претставниците на компанијата Гересхајмер.

„Таа веќе има направено две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а вкупниот број на вработени околу 300тини. Но тоа што е поважно е што тие имаат амбиција да направат нова дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и ќе го триплираат практично обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе контрибуираат позитивна и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така сакам да најавам ако биде се како што треба во декември нови три производни капацитети, кои што во својот полн капацитет кога ќе го достигнат во својот врв на инвестицијата ќе вработуваат повеќе од 1.000, но она што е поважно добро платени работни места“, рече Мицкоски.

Повеќе
Вадефул: Нема да преговараме со Русија за нова европска безбедносна рамка
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите
Фон дер Лајен: Земјите од Западен Балкан прават значајни чекори кон членство во ЕУ
Лапид го обвинува Нетанјаху за „обид за државен удар“ преку напади врз арапските партии во Израел
Естонија од 1 декември ја затвора границата со Русија
Хутите повторно ја презеле контролата врз стратешките позиции во теснецот Баб ал-Мандаб
Шефот на ОН повика на безбедно и доброволно враќање на Рохинџите на самитот АСЕАН-ОН
Нетанјаху преговара со Ајзенкот за влада на национално единство без учество на партијата на Бен Гвир
Индонезија им се извинува на Малезија и Сингапур поради последиците од шумските пожари
Арагчи: Иран е посветен на дипломатијата, САД избраа поинаков пат
Кина потврди дека Си ќе се сретне со претседателите на САД и Русија на самит на маргините на АПЕК
Турскиот претседател ѝ ја честиташе на Палестина 38-годишнината од основањето
Туркије ја одбележува 43-годишнината од Турската Република Северен Кипар
ФАА: Американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај е стабилен по прекинот на работата