| Macedonian
ЕК ги менува правилата за емисии за да ѝ помогне на автомобилската индустрија
Промената ќе се состои од земање предвид на емисиите на ЦО2 во текот на три години, од 2025 до 2027, наместо само една година, што ќе им даде повеќе време на производителите кои доцнат во усогласувањето со регулативата
00:00
ЕК ги менува правилата за емисии за да ѝ помогне на автомобилската индустрија
Ова значи повеќе простор за дишење за индустријата и повеќе јасност, без промена на договорените цели“, рече Фон дер Лајен по состанокот со претставниците на автомобилската индустрија / Reuters
5 март 2025

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во понеделникот објави дека ќе предложи насочена измена на регулативата за стандардите за емисија на јаглерод диоксид за патнички и лесни комерцијални возила овој месец, со цел да се избегнат производителите да плаќаат високи казни во случај на неусогласеност.

Според регулативата донесена во март 2023 година за построги стандарди за емисија на ЦO2 за нови патнички автомобили и нови лесни комерцијални возила, од почетокот на годинава до 2029 година, сите производители мора да ги намалат просечните емисии за 15 отсто во однос на 2021 година, а потоа за 55 проценти за нови автомобили и 50 % за нови комбиња за период 2030-2034, и за 100 проценти од 1 јануари 2035 година.

Многу производители нема да ги исполнат овие цели оваа година и ќе се соочат со огромни казни кои би можеле да достигнат и до 15 милијарди евра.

Затоа, Комисијата ќе предложи малку пофлексибилни правила за да им се даде на производителите повеќе време да ги исполнат овие цели.

Новата промена ќе се состои од земање предвид на емисиите на јаглерод диоксид во текот на три години, од 2025 до 2027 година, наместо само една година. Ова ќе им даде повеќе време на производителите кои доцнат во усогласувањето, а во исто време ќе ги награди оние кои веќе го направиле тоа.

„Наместо годишна усогласеност, компаниите ќе добијат три години. Целите остануваат исти, секој мора да ги исполни целите. Ова значи повеќе простор за дишење за индустријата и повеќе јасност, без промена на договорените цели“, рече Фон дер Лајен по состанокот со претставниците на автомобилската индустрија од БМВ, Рено, Стелантис (Пежо и Цитроен) и Фолксваген.

Комисијата во среда ќе објави акционен план за автомобилската индустрија за да му помогне на овој клучен сектор да се електрифицира што е можно побрзо и успешно да се справи со кинеската конкуренција.


Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот