Убедлив пораз од Велс за крај на квалификациите за македонската фудбалска репрезентација
По овој натпревар Велс се најде на втората позиција, а македонските фудбалери на третата позиција на табелата. Македонската репрезентација ќе се најде во четвртиот шешир за баражот на светското првенство и ќе очекува потежок противник.
Убедлив пораз на македонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. На стадионот во Кардиф, македонските фудбалери беа поразени од Велс со 7:1.
Првиот гол Велс го постигна од пенал во 18 минута. Вилсон стрелаше прецизно за предност на велшаните.
Само три минути подоцна нов гол за Велс. Овој пат Брукс стрелаше прецизно за 2:0.
Македонските фудбалери брзо се вратија откако Миовски во 23 минута намали на 2:1. Беше успешно проигран со Дарко Велковски и во контранапад ја погоди мрежата на Велс.
Во 37 минута сепак Џонс стрелаше прецизно во македонската мрежа и голманот Димитриевски беше немоќен.
12 минути по почетокот на второто полувреме уште поубедлива предност за докмаќините. Џејмс беше играчот кој погоди за предност 4:1.
Во 75 минута потворно Вилсон зголеми на 5:1. Од вториот пенал преку хет трик Вилсон погоди за 6:1. Во 88 Броудхед го постави конечниот резултат 7:1.
По овој натпревар Велс се најде на втората, а македонската фудбалска репрезентација на третата позиција на табелата. Македонските фудбалери ќе се соочат со потежок противник во баражот за пласман на светското првенство во САД, Канада и Мексико следната година. Ако одиграше нерешено ќе стартуваше од третиот шешир, а сега ќе биде дел од четвртиот шешир и ќе чека поквалитетен противник за баражот.
Извлекувањето за противниците во баражот е во четврток.