| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно Соединетите Американски Држави силно да реагираат, им изјави Руте на новинарите пред самитот на лидерите на НАТО во Анкара
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Тој рече дека очекува сојузниците во текот на денот да го потврдат ставот дека Иран треба целосно да го отвори Ормускиот Tеснец за меѓународен превоз / AFP

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран.

„Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно Соединетите Американски Држави силно да реагираат“, изјави Руте пред новинарите пред самитот на лидерите на НАТО во Анкара.

Тој рече дека очекува сојузниците во текот на денот да го потврдат ставот дека Иран треба целосно да го отвори Ормускиот Теснец за меѓународен превоз.

Зборувајќи за односите во рамките на Алијансата, Руте рече дека постои „целосна посветеност“ на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, но дека Вашингтон во исто време оправдано очекува европските членки и Канада да ги зголемат средствата за одбрана и порамномерно да ги делат трошоците во рамките на алијансата.

Коментирајќи го наводното незадоволство на некои американски претставници од сојузниците поради нивниот став кон Иран, Руте оцени дека станува збор за „изолирани случаи“.

Генералниот секретар на НАТО се осврна и на прашањето за Гренланд, наведувајќи дека се води „добар процес“ во врска со тоа прашање, но не даде дополнителни детали.

Повеќе
Убиени седум Палестинци низ Газа во последните израелски напади
Милиони луѓе присуствуваат на церемониите во Наџаф и Кербала за погребот на ајатолахот Хамнеи
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Планот на „Фолксваген“ за намалување на трошоците ја загрозува германската автомобилска индустрија
Администрацијата на Трамп е тужена поради наводно споделување на евиденција за азил со Иран
Иран: Сите бази на САД во регионот се легитимни цели ако продолжи прекршувањето на прекинот на огнот
САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец
Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир
Туркије и Канада официјално ги почнаа преговорите за договор за слободна трговија
Туркије: Самитот на НАТО во Анкара отвора ново поглавје за одбранбената индустрија на Алијансата
Ле Пен прогласена за виновна, но судот ѝ ја скрати забраната за вршење на јавна функција
Трамп на средбата со Ердоган: САД ќе ги укинат санкциите за Туркије
Фон дер Лајен: Туркије е една од најголемите вооружени сили на НАТО
Шекеринска: Туркије ќе купи крстосувачки ракети Атмаца со долг дострел