| Macedonian
Астронаутите од Артемис се подготвуваат за прелет покрај Месечината во историската мисија
Следната голема пресвртница се очекува во вторник после полноќ, кога вселенското летало Орион ќе прелета зад Месечината и подлабоко во вселената од која било вселенска мисија досега
Астронаутите од Артемис се подготвуваат за прелет покрај Месечината во историската мисија
НАСА објави слика од Месечината направена од екипажот, а на неа за прв пат се гледа целиот базен Ориентале / AP

Астронаутите на мисијата Артемис II на НАСА се подготвија да влезат во „сферата на влијание“ на Месечината, што претставува клучна пресвртница во првото прелетување на човечки екипаж покрај Месечината по повеќе од 50 години.

Кога стигнаа до петтиот ден од 10-дневната мисија, вселенското летало Орион беше на околу 346.000 километри од Земјата и приближно 104.000 километри од Месечината, според НАСА. Орион веќе влезе во гравитационата сфера на влијание на Месечината, каде што лунарната гравитација станува посилна од Земјината.

Претходно, НАСА објави слика од Месечината направена од екипажот, а на која се гледа во далечина базенот Ориентале.

„Оваа мисија означува прв пат целиот базен да биде виден со човечки очи“, соопшти НАСА.

За време на прелетот, астронаутите ќе ја набљудуваат Месечината директно и ќе снимаат слики користејќи вградени камери.

Рекордна мисија

НАСА соопшти дека екипажот завршил демонстрации на рачно пилотирање и ги разгледал плановите за прелетот, вклучувајќи мапирање и фотографирање на клучните карактеристики на површината.

Во исто време, тимовите внимателно ги следат системите за одржување на животот во вселенското летало.

На петтиот ден, астронаутите ги тестирале и своите итни одела за „преживување“, дизајнирани за лансирање, повторно влегување и потенцијални итни случаи како што е декомпресија на кабината.

Следната голема пресвртница се очекува во вторник после полноќ, кога, доколку мисијата продолжи според планот, екипажот би можел да патува подалеку од Земјата од кој било човек досега.

Се очекува астронаутите да поминат зад Месечината, каде што привремено ќе ја изгубат комуникацијата со Земјата.

НАСА соопшти дека податоците собрани за време на мисијата ќе бидат критични за идните лунарни операции, вклучувајќи ги мисиите Артемис III и Артемис IV подоцна оваа деценија.

Повеќе
Трамп: Ќе го продолжам примирјето сè додека Иран не го поднесе предлогот и не се завршат преговорите
Одлуката на Техеран да не присуствува на состанокот во Исламабад во среда е конечна
ИРГК: Ќе го запреме производството на нафта во Заливот ако Иран биде нападнат од тие територии
Туркије ги отфрла грчките поморски карти поради кршење на меѓународното право
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Еве како Израел го уништува секој преостанат привид на безбедност во Газа
Трамп: Без договор со Иран, ќе продолжиме со бомбардирањето, нема да го продолжам примирјето
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева
НАСА ќе соработува во истрагата за смртта и исчезнувањето на американски научници
Турската бродоградбена индустрија учествува на изложбата „Море- Воздух -Вселена 2026“ во САД
Белгија започнува четиригодишен план за зајакнување на подготвеноста на граѓаните за вонредни состојби
Туркије го поздравува „историското“ назначување на туркменски гувернер во ирачкиот Киркук
Медиуми: Потпретседателот на САД се упатува кон Исламабад на разговори за Иран
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Иран ја осуди заплената на товарен брод во Оманскиот Залив од САД