Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот

„Двајца наркотерористи се убиени за време на оваа акција. Ниту еден американски војник не е повреден“, соопшти Јужната команда

By
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот / Reuters

Американската војска изврши напад врз брод за кој се тврди дека вршел шверц на дрога во Источниот Пацифик, соопшти Јужната команда на САД.

Нападот го спроведе Заедничката единица „Јужно копје“ по наредба на командантот генерал Франсис Л. Донован, кој ја презеде челната позиција на Јужната команда на церемонија во Пентагон.

„Разузнавањето потврди дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, напиша Донован.

„Двајца наркотерористи се убиени за време на оваа акција. Ниту еден американски војник не е повреден“, соопшти Јужната команда.

Претходно, министерот за одбрана Пит Хегсет изјави дека „некои челници на нарко картелите“ во зоната на одговорност на Јужната команда „одлучија да ги прекинат сите операции со наркотици на неодредено време поради неодамнешните кинетички напади во подрачјето на Карибите“.

Хегсет не сподели дополнителни детали ниту презентираше докази за неговото тврдење.

Администрацијата на Трамп ги интензивираше воените операции во Карипското Море и Источниот дел на Тихиот Океан од септември, за борба против трговијата со наркотици.