| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, пак, го критикуваше она што го опиша како „театарска дипломатија во јамка“, осврнувајќи се на најавите на Трамп за напади, а подоцна и нивното откажување
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Трамп вчера изјави дека преговорите со Иран напредуваат добро и дека наскоро би можело да биде постигнат договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските власти сакаат да постигнат договор со Вашингтон и дека „не сакаат да бидат нападнати“, по повеќемесечната ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

„Очигледно е дека не сакаат да бидат нападнати. Сакаат да постигнат договор. Ќе видиме“, изјави Трамп во интервју за „Панчбоул њуз“ објавено денес.

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач во разговорите со САД, Мохамад Багер Галибаф, пак, претходно денеска го критикуваше она што го опиша како „театарска дипломатија во јамка“, осврнувајќи се на моделот на најавување напади од страна на претседателот Доналд Трамп, а подоцна и нивното откажување.

Галибаф рече дека употребата на малтретирање, прекршени ветувања и лажни вести претставува „неуспешна стратегија“.

„Признајте ги фактите и исполнете ги вашите обврски. Не ни треба повеќе театар“, додаде тој.

Трамп во четврток изјави дека е „вклучен“ во преговорите за повторно отворање на Ормускиот Теснец и посочи дека наскоро би можел да се постигне договор.

Вашингтон и Техеран на 18 јуни потпишаа рамковен договор и започнаа преговори за постигнување конечен договор, но имаше застој во преговорите поради несогласувања околу безбедносните гаранции и непреченото пловење низ Ормускиот Теснец.

Тензиите повторно ескалираа минатиот месец, откако САД извршија нови напади на територијата на Иран, по што Техеран возврати со напади низ регионот, вклучително и во Јордан, Бахреин и Кувајт.

Трамп минатата недела се закани дека ќе го удри Иран „многу силно“, предупредувајќи дека може да ги таргетира енергетските објекти, мостовите и електраните. Подоцна рече дека ги прекинал нападите бидејќи Иран се согласил да ги обнови разговорите.

Според повеќе американски медиуми, исцрпените залихи на пресретнувачи, исто така, влијаеле врз неговата одлука да се воздржи од дополнителни напади врз Иран.

Трамп вчера изјави дека преговорите со Иран напредуваат добро и дека наскоро би можело да биде постигнат договор.

Повеќе
17 јеменски војници убиени во ракетни и дронски напади на Хутите
Главниот преговарач на Иран ја критикува „театарската дипломатија“ на САД
Загина напаѓачот кој отвори оган во училиште во Тајланд и усмрти двајца ученици
Претседателот Ердоган отпатува за Саудиска Арабија за средби на највисоко ниво
Туркије предупреди на регионално прелевање на кризата, повика на обновени преговори меѓу Иран и САД
Поднесено обвинение против 20 лица за воени злосторства против цивилното население во Ѓаковица
Туркије почна кампања „Национална солидарност“, со акцент на 2,3 билиони долари цена на тероризмот
Авион што носел муниција за Украина цел на нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг?
Шумските пожари во Европа досега предизвикаа вкупна штета од над 19 милијарди евра
Државната матура годинава со просечна оценка 3,66, поништени матурските тестови на 226 препишувачи
Шаибани: Обединета Сирија клучна за безбедноста на границите на Туркије
Муцунски: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ
Фидан: Израелските напади ја загрозуваат стабилноста на Сирија
Венс: Со воени, економски и дипломатски средства ќе ја завршиме војната со Иран
Бродските групи бараат од ОН да се спротивстави на патарините во Ормускиот теснец