| Macedonian
Снепчет може да воведе временски ограничувња за тинејџерите
Шпигел рече дека ограничувањето на времето што младите корисници го поминуваат на апликацијата би можело да биде „важен чекор напред за индустријата“
Снепчет може да воведе временски ограничувња за тинејџерите
Снепчет може да воведе временски ограничувња за тинејџерите

Друштвената мрежа Снепчет е подготвена да воведе ограничувања за тинејџерите во текот на едно деноноќие, откако се засили дебатата за потенцијалните штетни влијанија кои ги предизвикуваат овие апликации кај најмладите, оцени главниот извршен директо Еван Шпигел.

Шпигел за Би-Би-Си рече дека ограничувањето на времето што младите корисници го поминуваат на апликацијата би можело да биде „важен чекор напред за индустријата“.

„Тоа е нешто за што разговаравме внатрешно. Немам повеќе информации кои денес би ги споделил“, рече тој, без да се обврзе на конкретен временски рок.

Неговите коментари уследија по повиците од Мета до другите компании за социјални мрежи да воведат ограничувања слични на оние на кои таа се согласи во рамките на спогодбата вредна повеќе милијарди долари со американските сојузни држави.

Според спогодбата од август, Мета се согласи да плати 12,7 милијарди долари и да воведе стандардно дневно ограничување од два часа за корисниците тинејџери на своите платформи, да ги исклучува известувањата за време на училишните часови и да го ограничи пристапот во ноќните часови.

„Мислам дека тоа би било корисно во целина. Навистина внимателно ги разгледавме условите“, изјави Шпигел.

Од Мета изјавија дека ќе воведат построги временски ограничувања и ќе платат дополнителни 5,3 милијарди долари доколку Јутјуб и ТикТок го сторат истото. Компанијата не призна никаква вина во рамките на спогодбата.

Минатиот месец, портпарол на Мета изрази надеж дека Снепчет ќе усвои слични мерки.

Шпигел истакна дека „Семејниот центар“ на Снеп веќе им нуди на родителите алатки за следење на одредени аспекти од користењето на Снепчет од страна на нивните тинејџери.

„Сакаме да откриеме како можеме да бидеме дел од решението“, додаде тој.

Судските тужби против Мета, Јутјуб, ТикТок и Снеп ги обвинуваат овие компании дека преку своите платформи му штетат на менталното здравје на младите луѓе. Снеп, исто така, е обвинет дека овозможува продажба на нелегални дроги.

Повеќе
Европската комисија го усвои Законот со кој се ограничува пристапот на децата до социјалните мрежи
ОпенАИ ќе биде проценета на над 1 билион долари по новата рунда на финансирање
ЕУ ќе ги ограничи социјалните мрежи за малолетниците и децата
Туркије ќе го тестира своето прво лунарно вселенско летало пред мисијата во 2027 година
Може ли вештачката интелигенција да го загрози човештвото? Еве што ја предизвика дебатата
„Рокетсан“ тестираше турска ракета за воздушна одбрана од мобилен систем
Пекинг ги отфрли обвинувњата од Антропик дека кинески лаборатории за ВИ вршат дестилација
Центрите за податоци „повеќе не се толку жедни“, велат технолошките гиганти
Аспартамот ризичен или не- контроверзна одлука на ЕФСА
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Извештај: ОпенАИ размислува за забавување на развојот на напредна вештачка интелигенција
Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ со договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за да спречи пораст на инфлацијата
Индија ќе инсистира на систем за плаќање со дигитална валута на самитот на БРИКС
Опен АИ побара задолжителни безбедносни мерки за напредните ВИ системи
Научниците пред голем пробив во потрагата по темната материја
Што открива повлекувањето на Мајкрософт од Кина за поделбата на технолошката економија
Може ли руски Расвет да му конкурира на Старлинк
Како Кина го решава проблемот со инфлуенсерството, индустрија вредна милијарди евра
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување