| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Шведскиот парламент гласаше против назначувањето на Магдалена Андерсон за премиерка
Гласањето дојде откако Андерсон во вторник изјави дека досега не успеала да формира влада по победата на септемвриските избори, но дека останува подготвена да се соочи со парламентарно гласање за нејзината кандидатура за премиер
Шведскиот парламент гласаше против назначувањето на Магдалена Андерсон за премиерка
Четирите опозициски партии од централно-левичарскиот блок не можат да постигнат договор за тоа кој треба да биде дел од новата влада

Шведскиот парламент гласаше во четврток против назначувањето на лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за формирање малцинска влада- исход што беше широко очекуван.

Со ова се продолжува периодот на неизвесност околу тоа кој ќе стане премиер по општите избори одржани минатиот месец.

Гласањето во парламентот заврши со 99 гласови „за“ и 248 гласови „против“.

„Бидејќи повеќе од половина од пратениците гласаа „против“, парламентот го отфрли предлогот за назначување на Магдалена Андерсон од Социјалдемократската партија за премиер“, рече претседателот на парламентот Андреас Норлен.

Гласањето дојде откако Андерсон во вторник изјави дека досега не успеала да формира влада по септемвриските избори, но дека останува подготвена да се соочи со парламентарно гласање за нејзината кандидатура за премиер.

Четири опозициски партии од централно-левичарскиот блок, на кој му припаѓа Андерсон, тесно победи на септемвриските избори, освојувајќи мнозинство во шведскиот парламент, Риксдагот со 176 пратенички места, во споредба со 173 места што ги освои десно-центристичката коалиција.

Сепак, партиитево блокот не можат да постигнат договор за тоа кој треба да биде дел од новата влада.

Повеќе
Куртулмуш-Гаши: Односите Туркије-Северна Македонија се на одлично ниво
Сали-Миљаниќ: Напредокот на Црна Гора во ЕУ е охрабрувачки сигнал за регионот
Зеленски ќе ги обнови енергетските напади врз Русија, смета дека е „предаден“
Мерц: Европските лидери остануваат поделени околу ставовите за следниот буџет на ЕУ
Маск го повика Зеленски да си замине од функцијата бидејќи ја доведува во прашање поддршката од САД
Зеленски: Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии
Јемен: Неутрализирани 1.250 борци на Хутите
Димитриев: Договорот за дизел со САД отвора многу други можности за соработка
Хрватска бара од Црна Гора да ги реши отворените прашања пред да пристапи во ЕУ
Русија и Пакистан разговараат за зајакнување на безбедносната соработка
Германија ја повика Русија да ги запре нападите во Црното Море
Италијанскиот генерал Роберто Вергори ја презеде командата на КФОР на Косово
ЕУ отвори два нови преговарачки кластери со Украина на патот кон членството во унијата
Трамп и Нетанјаху разговараат за нови напади врз Иран пред изборите во САД и Израел
Ердоган во телефонски разговор со Салман ги осуди нападите на Хутите
Трамп вели дека Хутите се однесуваат „многу лошо“
Хрватски „Рафал“ пресретна патнички авион од Малта поради можно киднапирање
Фон дер Лајен: ЕК ќе побара построги мерки за злоупотреба на миграцијата
Хутите се заканија дека ќе возвратат со напади врз Сауди Арамко и аеродроми
Мерц го повика Иран да престане со дестабилизацијата на регионот