| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Курти во обраќањето порача дека во следните четири години владата ќе ги зајакне сојузите со Западот, ќе инвестира една милијарда евра во одбраната, ќе го продолжи дијалогот со Србија со посредство на ЕУ и ќе продолжи со инвестициите
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Во Парламентот со 120 пратенички места, 66 пратеници гласаа „за“ изборот на новата влада, а 49 „против“ / Reuters
12 февруари 2026

По цела година политичка неизвесност и десетици неуспешни обиди да се конституира новиот состав на Парламентот на Косово, вечерва тоа конечно се случи, а пратениците само неколку часа подоцна ја избраа новата влада, која повторно ќе ја предводи лидерот на Самоопределување, Албин Курти.

За изборот на новата Влада гласаа 66 пратеници, а 49 биле против.

Новата влада не вклучува претставници на Српската листа, иако има девет од 10 мандати загарантирани за Србите, а Ненад Рашиќ од партијата „За слобода, правда и опстанок“, која има само еден мандат, беше избран за министер за заедници и враќање.

Новата влада на привремените институции има 19 министри и три вицепремиери со Гљаук Коњуфца за министер за надворешни работи, Ејуп Маќедончи за министер за одбрана и Џељаљ Свечља за министер за внатрешни работи.

По последните редовни парламентарни избори во февруари лани, Косово имаше привремена влада и целосно нефункционален парламент, откако партијта на Курти не успеа да обезбеди мнозинство.

Следеа долги натегања, од кои произлегоа новите избори во декември, на кои Самоопределување освои 57 пратенички места во законодавниот дом со 120 пратеници.

Курти во обраќањето пред пратениците порача дека во следните четири години владата „ќе ги зајакне сојузите со Западот“, ќе инвестира една милијарда евра во одбраната, ќе го продолжи дијалогот со посредство на Европската Унија со Србија и ќе продолжи со инвестиции во социјална помош, образованието и инфраструктурата.

Прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора е Глаук Коњуфца, втор вицепремиер и министер за правда – Доника Гервала, а трет вицепремиер за прашања на малцинствата и соработката ќе биде Фикрим Дамка.

Повеќе
Светските лидери се собираат во Анталија на петтиот Дипломатски форум
Христијаните го слават празникот Велигден
Вучиќ и Бабиш го поддржаа Орбан во пресрет на изборите во Унгарија
Ердоган и Макрон разговараа за американско-иранското примирје и регионалната стабилност
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност
Турски хирург кој го „кроти“ времето: Поправа часовници да ги подготви вештите раце за операција
Како повторното откривање на реткиот цвет Рафлезија ја подели глобалната научна заедница
Дали примирјето меѓу САД и Иран ќе стане траен мир?
Кси порача дека Кина нема да толерира независност на Тајван
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Пример за солидарност: Црква во Либан ги отвори вратите за раселените муслимани
Јапонија бара алтернативни енергетски рути во ек на неизвесноста околу Ормускиот Теснец
Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан, кој вели дека опозицијата ќе ги дестабилира изборите
Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите и ги намалуваат летовите поради зголемените трошоци
Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел