| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кошта: ЕУ се подготвува за потенцијални преговори со Путин
Белгискиот премиер Барт де Вевер, ја покренал можноста за обид за отворање канал за разговори со Кремљ, но нема консензус за тоа кој треба да биде назначен да зборува во име на ЕУ и кога треба да се направи таков напор
Кошта: ЕУ се подготвува за потенцијални преговори со Путин
Според него, Брисел ќе избегне нарушување на мировниот процес под водство на американскиот претседател Доналд Трамп / Reuters

Лидерите на Европската унија сe подготвуваат за потенцијални разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека „постои потенцијал“ ЕУ да преговара со Путин и дека ЕУ има поддршка од украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа.

„Разговарам со 27-те лидери на земјите од ЕУ за да можеме да го видиме најдобриот начин да се организираме и да идентификуваме што ни е потребно за ефикасно да разговараме со Русија кога ќе дојде вистинскиот момент“, рече Кошта, според Фајненшл тајмс.

Кошта додаде дека на самитот на лидерите на ЕУ минатиот месец, Зеленски побарал од лидерите да „бидат подготвени позитивно да придонесат во преговорите“.

Според него, Брисел ќе избегне нарушување на мировниот процес под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде дека немало сигнал од Кремљ дека Путин е подготвен да разговара со кој било претставник на блокот.

„Да, постои можност за преговори со Путин. Но засега, никој не видел никаков знак од Русија дека сака ефикасно да се вклучи во сериозни преговори“, рече Кошта.

Некои лидери на ЕУ, вклучувајќи го и белгискиот премиер Барт де Вевер, ја покренаа можноста за обид за отворање канал за разговори со Кремљ, но други велат дека нема консензус меѓу 27-те лидери за тоа кој треба да биде назначен да зборува во име на блокот, кога треба да се направи таков напор и каков би бил ставот кон Путин.

Путин прогласи примирје претходно оваа недела за да Москва одржи парада за Денот на победата на 9 мај, за време на која се очекува и Украина да ги запре нападите.

Зеленски објави еднострано примирје на 6 мај, а неговиот кабинет соопшти дека намерата на Зеленски била да покаже дека ако Русија може да обезбеди примирје за Денот на победата, може да го прошири на целиот воен фронт, според Фајненшл тајмс.

Повеќе
Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговски договор со САД
Иран испукал ракети врз американската морнарица по напад врз ирански танкер
Италија: Падна ракета во базата на УНИФИЛ во Либа, нема повредени
Пезешкијан: Ако издржавме досега, тоа е поради единството и кохезијата
Турска „АРЏА“ ќе отвори фабрика за муниција во Естонија
Шпанија ја одликуваше Албанезе за документирање на геноцидот во Газа
Зошто ракетата Јилдиримхан е голем поттик за стратешките капацитети на Туркије за одвраќање?
Општите избори во Босна и Херцеговина ќе се одржат на 4 октомври
Москва се надева дека САД ќе продолжи да посредува за решавање на конфликтот во Украина
Средба Хоџа - Руте:  НАТО клучен за одржување на стабилноста во регионот
Истрага во САД за сомнителните трансакции со нафта кои претходеа на најавите на Трамп за Иран
Туркије цели кон глобалниот пазар на одбрана со високотехнолошки арсенал за електронско војување
Кина „длабоко загрижена“ поради нападите врз ОАЕ во услови на континуираниот конфликт САД-Иран
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
ЕУ и САД се приближуваат до трговски договор, но работата е далеку од завршена