| Macedonian
КУЛТУРА
3 мин читање
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
„Со заеднички сили ќе продолжиме да ја негуваме театарската уметност и со оваа поддршка продолжуваме да креираме добра, чесна и инспиративна уметност.“
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ / Other

Халкбанка АД Скопје ќе биде главен годишен партнер на Македонскиот народен театар. Договорот за годишно покровителство, со мото „Важна е културата", вчера во МНТ го потпишаа Фатих Шахбаз, главен извршен диектор на Халкбанка АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар.

Покрај директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, соработката предвидува и реализација на низа заеднички иницијативи, преку кои ќе се овозможи дополнителна промоција и поголема видливост на претставите и програмата на театарот. 

Како што истакнаа двајцата директори на потпишувањето на договорот, со ова партнерство двете институции имаат цел да придонесат во збогатување на културната понуда и доближување на театарската уметност до пошироката публика.

Директорот на МНТ ѝ  се заблагодари на Халкбанка за партнерството и довербата и посочи дека како општествено одговорна компанија ќе биде вистински партнер во уметноста.

„Со заеднички сили ќе продолжиме да ја негуваме театарската уметност и со оваа поддршка продолжуваме да креираме добра, чесна и инспиративна уметност. Кога бизнис-секторот одлучува да стане мецена на театарот, тој не само што инвестира во проекти, туку вложува во облагородување на духовното во нашето општество, поттикнувајќи ја креативноста, вредностите и уметничката чувственост кај сите нас. Поддршката од бизнис-секторот, како што е оваа, е клучна за развојот на културата. Таа не само што придонесува за стабилност и реализација на уметничките проекти туку ја поттикнува свеста и кај другите компании и поединци да ја препознаат важноста од вложувањето во уметноста и да започнат да донираат и поддржуваат културни иницијативи“, истакна Кимовски.

Главниот извршен директор на Халкбанка АД Скопје, Фатих Шахбаз, изјави дека со договорот се формализира партнерство кое има „длабока вредносна и општествена димензија“. Порача дека кога бизнисот и културата се здружуваат заради вистински вредности, резултатите не се само видливи туку и трајни, а инвестицијата, рече тој, се враќа преку подобро општество, побагата културна сцена и посилна заедница. 

„За нас во Халкбанка ова партнерство не е само формален чин, туку силна порака за нашата посветеност кон заедницата и нејзините културни вредности. Веруваме дека културата е срцето на секое општество, таа нè обединува, инспирира и создава трајни вредности. А токму институции како Македонскиот народен театар се чуварите на тие вредности, места каде што традицијата се среќава со современото, а уметноста добива свој глас и значење. Поддржуваме проекти во разни области, но културата има посебно место во нашата мисија. Сметаме дека вложувањето во уметноста значи вложување во иднината, во креативноста и во идентитетот на една нација. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе нова енергија, нови идеи и уште поголеми успеси“, истакна главниот извршен директор на Халкбанка АД Скопје.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток