| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Посебен акцент беше ставен на воведувањето на единствената најава, корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат во системот за единствена најава – ССO, рече министерот Андоновски
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Хартиените услуги нема целосно да се укинат за постојните процедури, но дека новите услуги – како студентските ваучери – ќе бидат целосно дигитални / Others
22 јануари 2026

Четири нови онлајн услуги од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од денеска се достапни на националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. Три услуги се наменети за физички лица, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на ФЗО Сашо Клековски на прес-конференција во Владата.

Новите онлајн услуги значително го поедноставуваат пристапот до клучни документи,го намалуваат административниот товар за граѓаните и институциите и го елиминираат непотребното чекање на шалтерите.

„Посебен акцент беше ставен на воведувањето на единствената најава. Корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат во системот за единствена најава – ССO,“ рече Андоновски, додавајќи дека „граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил непречено да се движат и користат услуги на различни институционални портали, без повторно најавување и без дополнителни административни бариери.“

За физичките лица преку порталот се воведени следните електронски потврди:

Потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување

Потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес

Потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

За првпат, за правните лица е овозможена електронска услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување. Услугата е целосно дигитализирана и достапна 24/7, без потреба од физичко присуство на шалтерите.

ФЗО од денеска е технички поврзан со Централниот регистар на населението, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели дека целта е јавните услуги да бидат достапни, поврзани и ориентирани кон потребите на граѓаните и бизнисите.

Хартиените услуги нема целосно да се укинат за постојните процедури, но дека новите услуги – како студентските ваучери – ќе бидат целосно дигитални.

Клековски најави дека наскоро ќе бидат дигитализирани уште 27 услуги, меѓу кои поднесување барања за рефундација за лекови, ортопедски помагала и пелени, барања за лекување во странство, како и дигитално следење на лекувањето и двојазични обрасци.

Во план е и комплетна дигитализација на боледувањата, вклучително и породилното отсуство и правата за родителство.

„Со вкрстување на бази на податоци ќе се спречат злоупотреби и ќе се олесни остварувањето на правата на граѓаните“, рече Клековски, кој додаде дека овие процеси се дел и од подготовките за идниот е-попис.

Повеќе
Израелските сили започнаа нов упад во сириската провинција Кунеитра, извршија рации во домови
Руската морнарица ќе ја пробие секоја блокада на танкерите од Западот
НАТО: Туркије е верен сојузник кој придонесува кон заедничката безбедност
Виткоф: Русија и Украина ќе продолжат да работат кон постигнување договор
Иран го затвори Ормускиот теснец заради воени вежби
Зеленски: Украина е подготвена брзо да се движи кон достоен мировен договор
Убиени 11 лица во три американски напади врз наводни бродови за дрога
Ердоган од Етиопија: Признавањето на Сомалиленд од страна на Израел не е од корист за никого
Аракчи задоволен по втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева
Што значи израелската регистрација на земјиштето на окупираниот Западен Брег?
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Штрајк на наставниците во Париз поради планираните намалувања на работни места
Околу 1.200 Израелци против законот за смртна казна за палестинските затвореници
Се формира голем евро-пацифички блок поради американските царини