| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Расположението на пазарите беше поттикнато од проценките на почетокот на неделата дека нафтата од Блискиот Исток стигнува до големите купувачи во Пакистан, Индија и Кина
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи нагласи дека теснецот е затворен само за непријатели кои кукавички го напаѓаат Иран / Reuters
16 март 2026

Цените на нафтата паднале под 102 долари во понеделник на меѓународните пазари, додека аналитичарите велат дека Иран дозволува испораки низ порозниот Ормуски теснец, обезбедувајќи залихи за големите купувачи во Азија.

Барелот во Лондон во понеделник попладне се тргуваше за 1,31 долари пониско отколку што беше затворен на 101,83 долари на крајот од минатата недела. На американскиот пазар е намален за 3,46 долари, на 95,25 долари.

Расположението на пазарите беше поттикнато од проценките на почетокот на неделата дека нафтата од Блискиот Исток стигнува до купувачите во Азија.

Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец по нападот на САД и Израел, забранувајќи го транзитот за бродови поврзани со САД, Израел, европските земји и нивните сојузници.

Теснецот не е блокиран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, минатиот четврток, додавајќи, според извештајот на иранската новинска агенција Мехр, дека бродовите што транзитираат мора да се координираат со иранската морнарица за да се одржи безбедноста на пловидбата.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, нагласи во понеделник дека теснецот е „затворен само за непријателите кои кукавички го напаѓаат Иран“.

Аналитичарите претходно оваа недела заклучија дека на Иран не му е во интерес сериозен ценовен шок на пазарите на нафта.

„Со „порозниот“ Ормуз, Техеран сигнализира решителност и истовремено го прилагодува нивото на нарушување за да не ги одбие партнерите“, смета Везина Поарер од БЦA Рисрч. Пазарите забележуваат дека нафтата од регионот сè уште стигнува до купувачи во Пакистан, Индија и Кина.

Целосното затворање на теснецот би можело да биде повод за мултинационална операција за негово отворање со воена сила, додава аналитичарот.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сојузниците да ја поддржат операцијата за обезбедување на транзитот, но одговорот беше во голема мера негативен.

САД го нападнаа иранскиот остров Харг во северниот Персиски Залив, главното пристаниште за извоз на нафта во Иран, во текот на викендот, заобиколувајќи ја нафтената инфраструктура.

Во меѓувреме, Јапонија објави дека во понеделник ќе ослободи 80 милиони барели од своите резерви, што треба да ја покрие потрошувачката за околу 45 дена.

Членовите на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) минатата недела едногласно го поддржаа предлогот за ослободување на 400 милиони барели од своите резерви за да се обезбедат залихи и да се ублажат ценовните шокови.

Се очекува Азиско-пацифичкиот регион веднаш да ослободи речиси 109 милиони барели нафта и нафтени производи, според податоците на ИЕА објавени во неделата.

Ослободувањето на барели од резервите носи „значаен и добредојден одмор“, соопшти агенцијата, но најзначајната улога во нормализирањето на залихите сè уште ќе ја игра редовниот транзит низ Ормускиот теснец, нагласи ИЕА.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека барелот од кошничката за нафта на нејзините членки пораснал за 6,04 долари во петокот, на 126,90 долари.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство