| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
НИС договори увоз на нафта преку ЈАНАФ, испорака на првите количини во текот на следната недела
Со посебна лиценца издадена од Министерството за финансии на САД на 31 декември 2025 година, НИС повторно доби можност да извршува оперативни активности што завршуваат на 23 јануари
НИС договори увоз на нафта преку ЈАНАФ, испорака на првите количини во текот на следната недела
Спрскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева оти Русите и Унгарците (MOЛ) наскоро ќе постигнат купопродажен договор за НИС / AA

Нафтената индустрија на Србија (НИС) договори увоз на првите количини сурова нафта преку Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ) за потребите на рафинеријата во Панчево, што ќе овозможи продолжување на производството и објави дека се очекува првите количини да бидат испорачани во текот на следната недела.

„Се очекува првите количини сурова нафта да бидат испорачани во рафинеријата за нафта во Панчево во текот на следната недела, додека компанијата планира да увезе дополнителни количини сурова нафта“, објави НИС.

Во согласност со динамиката на испораките, НИС планира и почеток на стартап активности во рафинеријата во Панчево.

НИС потсетува дека на почетокот на декември минатата година, производствените капацитети во рафинеријата за нафта во Панчево беа суспендирани, поради недостаток на сурова нафта за преработка, што се случи како резултат на санкциите што ги воведе Министерството за финансии на САД врз компанијата НИС.

Со посебна лиценца издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства (OФAЦ) при Министерството за финансии на САД на 31 декември 2025 година, компанијата НИС повторно доби можност да извршува оперативни активности што завршуваат на 23 јануари тековната година, вклучително и рестартирање на преработката во рафинеријата, увоз на сурова нафта, како и извршување на трансакции потребни за безбедност на снабдувањето и техничко одржување, се вели во соопштението на компанијата.

OФAЦ претходно издаде лиценца на Нафтената индустрија на Србија, со што рокот за преговори за продажба на рускиот удел беше продолжен до 24 март, додека рокот за промена на сопственичката структура беше до 13 февруари според претходната лиценца.

Претседателот Александар Вучиќ на Божиќ, 7 јануари, изјави дека се надева дека Рафинеријата за нафта Панчево ќе почне со работа за 10 дена.

Тој исто така рече дека се надева дека Русите и Унгарците (MOЛ) ќе постигнат купопродажен договор за НИС, но и дека државата подготвила свој пакет за секој случај доколку биде потребен од 15 јануари и дека не очекува дека ќе има потреба од тоа.

Вучиќ рече дека се надева дека во наредниот период ќе можат да купат барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.

Република Србија сега има 29,87 проценти сопственички удел во НИС.

Претставници на унгарскиот МОЛ пристигнаа во Србија во понеделник оваа недела и започнаа длабинска анализа на работењето на Нафтената индустрија на Србија, што подразбира обиколка на клучните капацитети на НИС.

Вучиќ претходно изјави дека Американците очекуваат да ги видат сите главни точки од идниот договор помеѓу продавачот на НИС и идниот купувач на 23 јануари.

Американскиот ОФАК воведе санкции врз НИС на 9 октомври поради неговото мнозинско руско сопствеништво.

Повеќе
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО