| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Путин им наредил на министерот за одбрана Андреј Белоусов и на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ги запрат воените операции, но единиците да останат подготвени за можни провокации
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Прекинот на огнот по повод православниот Велигден, треба да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април / Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин најави едностран прекин на огнот по повод православниот Велигден, кој треба да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април.

Според соопштението од Кремљ, во тој период ќе бидат прекинати сите воени дејствија на сите фронтови, а Русија очекува и Украина да постапи на ист начин и да прогласи примирје.

Путин им наредил на министерот за одбрана Андреј Белоусов и на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ги запрат воените операции, но единиците да останат подготвени за можни провокации.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го прифати примирјето и дека луѓето заслужуваат Велигден без закани и со реална шанса за мир.

Тој потсети дека пред три дена предложил прекин на огнот, под услов Москва да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура, предлог кој бил пренесен преку Соединетите Американски Држави.

Зеленски додаде дека Украина, заедно со американските преговарачи, продолжува да работи на безбедносни гаранции, кои ги оцени како клучни за траен мир.

Ова не е првпат Москва да прогласува кратко велигденско примирје. И лани Путин најави сличен прекин на огнот, но и тогаш двете страни меѓусебно се обвинуваа за негово прекршување, а поширок договор не беше постигнат.

Повеќе
Поднесена е тужба во Полска против израелски претставници за злосторства во Газа
Курти: Односите на Косово со Туркије се одлични
Шариф: Со посредство на Пакистан работите се движат во вистинска насока меѓу САД и Иран
Мицкоски:  Се соочуваме со неправедна блокада на патот кон ЕУ
Пезешкијан: Подготвени сме да го увериме светот дека не тежнееме кон нуклеарно оружје
Партнерите на Нетанјаху бараат забрана за арапските партии пред изборите
Аун: Повлекувањето на израелските сили од Либан е главен приоритет
Рубио оптимист дека наскоро ќе биде потпишан мировниот договор со Иран
Осомничен убиен откако отворил оган во близина на Белата куќа
Земјотрес почувствуван во Скопје
Наместо во отпад, на модна писта: Како кројач од Анкара го спасува културното наследство
Експанзијата на Израел во грчкиот дел од Кипар дигна тревога во врска со регионалната безбедност
Бурса: Историјата се среќава со индустријата во овој турски град
Може ли новиот трговски механизам меѓу САД и Кина да ги намали тензиите?
Невиден чин на дивјаштво- Новиот закон на Израел автоматски одредува смртна казна за Палестинците