| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да ги спречи Австралијците да го гледаат преносот на погубувањето
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо

Австралискиот премиер Ентони Албаниз во вторникот го нарече „одвратен“ предложениот пренос во живо на погубување со стрелачки вод во САД.

Тој за Австралиската радиодифузна корпорација (ABC) изјави дека секој што би го емитувал тоа би си ја нарушил репутацијата и дека неговата влада ќе направи сè што може за да ги спречи Австралијците да го гледаат.

„Овие работи не се едноставни како гасење на прекинувач за светло, но ние ќе сториме сè што можеме за да го спречиме тоа“, рече Албаниз.

„Имам многу цврст личен став кој произлегува од моите убедувања... Сметам дека е одвратно што некој би сакал да гледа такво нешто“, додаде тој.

Изјавите на Албаниз уследија откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет минатата недела соопшти дека Нидал Хасан – кој беше осуден на смрт за убиство на 13 лица и ранување на 32 други во пукањето во 2009 година во воената база Форт Худ во Тексас – ќе биде погубен од стрелачки вод на 3 декември, во истата воена база.

Хасан, поранешен воен психијатар, во 2013 година беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и 32 точки за обид за убиство, а оттогаш се наоѓа во притвор во Форт Левенворт, Канзас.

Пентагон во понеделникот објави дека претседателот Доналд Трамп ја одобрил таа препорака.

Повеќе
Шведската политичарка Андерсон неуспешна во најновиот обид за формирање влада
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Нетанјаху нареди гонење на војниците кои ги открија масовните убиства во Газа во документарецот НАЗА
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Јорданскиот крал Абдула Втори пристигна во Австралија на прва посета по една деценија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Куртулмуш: Туркије мора да го зајакне својот внатрешен фронт во услови на регионалната нестабилност
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран