Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во петокот соопшти дека спречила она што го опиша како планиран „терористички напад“ насочен кон високи претставници на државниот надзорник за медиуми и комуникации Роскомнадзор.
Властите ги обвинија „украинските разузнавачки агенции“ дека планирале да детонираат експлозивна направа во автомобил на 18 април, велејќи дека целта била да се наруши работата на Роскомнадзор за безбедноста на информациите, вклучително и напорите поврзани со платформата за пораки Телеграм.
ФСБ соопшти дека седум осомничени лица се приведени, додека наводниот водач е убиен откако се спротивставил на апсењето.
„Водачот на групата, жител на Москва роден во 2004 година, пружел вооружен отпор за време на апсењето и бил неутрализиран“, се вели во соопштението на агенцијата.
Службениците додадоа дека е отворена кривична постапка по обвиненија, вклучувајќи нелегална трговија со оружје и експлозиви, а се разгледуваат дополнителни обвиненија поврзани со подготовка на терористички напад.
Украина сè уште не ги коментирала тврдењата.













