Грчките земјоделци со трактори го блокираа автопатот Атина-Солун

Според Грчката новинска агенција (AMНA), земјоделците ја организирале масовната сообраќајна блокада поради доцнење на државните плаќања, за кои тврдат дека се резултат на истрага за корупциски скандал поврзан со државните субвенции

By
Дополнително, земјоделците бараат усвојување на законски решенија што би ги намалиле високите трошоци за производство / AA

Земјоделците во Грција го блокираа автопатот Атина-Солун со трактори во знак на протест, целосно запирајќи го сообраќајот на една од најпрометните делници од патот во земјата.

Според Грчката новинска агенција (AMНA), земјоделците ја организираа масовната сообраќајна блокада поради доцнење на државните плаќања, за кои тврдат дека се резултат на истрага за корупциски скандал поврзан со државните субвенции.

Дополнително, земјоделците бараат усвојување на законски решенија што би ги намалиле високите трошоци за производство.

Демонстрантите ја разгледуваат и можноста за блокирање на патиштата што водат до граничните премини и аеродромите, а во текот на неделата ќе одржат консултации за проширување на протестот во други региони.

Во Грција годинава во два наврати беа откриени големи афери од милионски размери со аграрните субвенциите од ЕУ.