| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност
Основачот на работилницата, 72-годишниот Мехмет Фатих Сезер, веќе 60 години напорно работи да ја пренесе уметноста на обработка на дрво, која полека паѓа во заборав, на идните генерации
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност
Сè што ќе видам во природата го собирам, наместо во ѓубре, ајде да го рециклираме, вели Мехмет Фатих Сезер (72) / AA

Во турската област Испарта семејството Сезер веќе шест децении ги рециклира отпадните парчиња дрво и старите предмети, придонесувајќи и за заштита на природата и за економијата.

Основачот на работилницата, 72-годишниот Мехмет Фатих Сезер, веќе 60 години напорно работи да ја пренесе уметноста на обработка на дрво, која полека паѓа во заборав, на идните генерации. Сезер, кој долги години се занимава со оваа работа со цел да придонесе во заштитата на природата преку користење рециклирачки материјали, овој занает им го пренел и на децата и внуците.

Неговиот син Ведат Џан Сезер го поминал работниот век во банка, но по пензионирањето, костумот го заменил со скутник, враќајќи ги во употреба отпадните материјали, преку занаетот што го научил како дете.

Денес овој 44-годишен мајстор, кој занаетот го учел како чирак во работилницата на својот татко, сега ги подучува и ќерките.

Во разговорот за Анадолу, Ведат Џан Сезер истакна дека по пензионирањето се вратил во работилницата каде што некогаш бил чирак.

„Во оваа работилница се обидуваме да им дадеме живот на рециклираните предмети. Нашите производи се изработени од лушпи од ореви, гранки од дрвја, стари тенџериња и тави – работи што не ги користиме, што се фрлени во ѓубре или се оставени во природата. Со нивното вреднување, истовремено придонесуваме за нашиот буџет, но и за заштитата на животната средина преку рециклирање“, вели Сезер.

Нагласувајќи ја желбата да ја развие традиционалната обработка на дрво и да им ја пренесе на младите, Сезер додава: „Нашите активности ги развиваме преку групни работилници. Овде организираме убави настани со цел младите да ги држиме подалеку од дигиталната зависност и да им го вратиме контактот со земјата и дрвото. На овој начин тие истовремено се социјализираат и придонесуваат за рециклирањето.“

Таткото Мехмет Фатих Сезер, кој започнал со оваа работа на 12-годишна возраст, вели дека за него дрвото е страст и љубов кон животот.

„Сè што ќе видам во природата, го собирам и го носам во работилницата. Да не се фрли, наместо во ѓубре, ајде да го рециклираме.“

Оваа традиција сега ја продолжува младиот дух на Џерен Сезер која вели дека занаетот го научила од дедо ѝ и татко ѝ во слободното време по училиште. Како претставник на третата генерација, таа го носи занаетот во новиот век, спојувајќи ја семејната вештина со модерната еколошка свест. За неа, секој создаден предмет е чекор кон позелена иднина.

Истакнувајќи дека припадниците на Генерацијата З се чувствителни на темата животна средина, Џерен Сезер заклучи: „Многу работи за кои мислиме дека се отпад, можеме да ги претвориме во уметност. Правиме нешта што го поддржуваат рециклирањето и концептот 'нула отпад'. Сметам дека нашата работилница дава голем придонес во подигнувањето на еколошката свест.“

Извор: АА

Повеќе
Одлуката за апсолутна ништовност, владеењето на правото и границите на демократскиот легитимитет
Ердоган за Курбан Бајрам испрати порака за солидарност со Газа, со критики за тиранинот Нетанјаху
Ердоган: Израел продолжува со окупацијата и масакрите од Газа до Либан и покрај примирјата
Наслов на Ројтерс за турскиот самоуправувачки автобус предизвика реакции на интернет
Наместо во отпад, на модна писта: Како кројач од Анкара го спасува културното наследство
Бурса: Историјата се среќава со индустријата во овој турски град
Банкарскиот сектор на Туркије останува силен и покрај глобалните ризици и неизвесноста
Ердоган: Туркије стана клучен енергетски центар и актер за мир
Активисти од флотилата за помош за Газа, нелегално приведени од Израел, се префрлаат во Туркије
Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги брани мирот и човештвото од „геноцидните мрежи“
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата
Туркиjе ја предупреди Грција да не ја искривува историјата поради тврдењата за Понт
Туркије го одбележува Денот на Ататурк и празникот на младите и спортот
Германија ќе распореди „Патриот“во Туркије за јакнење на одбраната на воздушниот простор на НАТО
Фидан од Берлин повикува на дијалог меѓу САД и Иран, додека Германија ја поддржува Туркије
Ердоган вети континуирана поддршка од Туркије за кримските браќа
Жените од Кајсери ги претвораат камењата во кукли, негувајќи ја анадолската култура
Од нафта до гас, како Туркије го обезбеди својот енергетски вишок