ИЦЕ се повлекува од Минесота по засилената операција за лов на мигранти и судир со демонстранти
Присуството на ИЦЕ посебната федерална агенција за контрола на мигрантите, предизвика масовни протести и судири со демонстрантите во Минесота, и доведе до фатално пукање врз двајца демонстранти кои загинаа од огнено оружје на федералните агенти
Том Хоман претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на границите објави дека засилената федерална операција за откривање нелегални мигранти во Минеаполис и Сент Пол ќе биде завршена.
Според Хоман операцијата значително го намалила бројот на поставени цели за контрола истакнувајќи дека од крајот на декември, кога Трамп нареди масовно распоредување на илјадници службеници за имиграција, се извршени околу 4.000 апсења.
„Предложив, а претседателот Трамп се согласи, оваа засилена операција да се заврши. Значително намалување на силите веќе започна оваа недела и ќе продолжи во текот на следната недела“, рече Хоман.
Присуството на ИЦЕ посебната федерална агенција за контрола на мигрантите предизвика масовни протести и судири со демонстрантите во Минесота, и доведе до фатално пукање врз двајца демонстранти кои загинаа од огнено оружје на федералните агенти.