| macedonian
Маск: Мојот приоритет е визијата за живот на Марс
Фундаменталната точка од која зависи судбината на животот е Марс да биде доволно самоодржлив и способен да расте сам, дури и ако бродовите за снабдување од Земјата од било кои причини престанат да пристигнуваат, рече Маск
00:00
Маск: Мојот приоритет е визијата за живот на Марс
Во март, Маск на X објави дека „СпејсИкс Старшип“ ќе замине за црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот Оптимус
6 мај 2025

Извршниот директор на Спејс Икс (SpaceX) Илон Маск изјави дека приоритет му е визијата за животот на Марс, додека неговиот ангажман во Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) во администрацијата на американскиот претседател ДОналд Трамп завршува.

Во интервју за „Фокс њуз“, Маск ги сподели резултатите од истражувањето на тимот на ДОГЕ за владини „измами“, а потоа ја прошири својата идеја за колонизација на Марс како „животно осигурување“ за човештвото.

„Марс е животно осигурување. На крајот, целиот живот на Земјата ќе биде уништен од Сонцето. Сонцето постепено се шири, и затоа на некој начин ќе мора да станеме мултипланетарна цивилизација, бидејќи Земјата ќе биде уништена“, рече Маск во интервјуто.

Сонцето, ѕвезда со радиус од околу 700.000 километри, на крајот ќе ја потроши целата своја енергија и ќе се прошири во црвена „џиновска ѕвезда“ кога ќе почне да умира, покажуваат податоците од американската вселенска агенција НАСА.

НАСА забележува дека црвената „џиновска ѕвезда“ би можела да стане доволно голема за да ги проголта Меркур, Венера, па дури и Земјата, иако научниците предвидуваат дека животниот век на Сонцето ќе трае уште пет милијарди години.

Маск објасни дека неговата визија за Марс не е само слетување на планетата, поставување знамиња и оставање отпечатоци, туку целта е да се создаде „самоодржлив“ град.

„Фундаменталната точка од која зависи судбината на животот е Марс да биде доволно самоодржлив и способен да расте сам, дури и ако бродовите за снабдување од Земјата престанат да пристигнуваат, без оглед на тоа дали тоа се должи на исчезнување на цивилизацијата во некоја катастрофа или на мирен начин“, рече Маск.

Во објава на Ix во март, Маск објави дека „SpaceX Starship“ ќе замине за црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот Оптимус.

Тој предвиде дека луѓето би можеле да почнат да слетуваат на Марс веќе во 2029 година, иако 2031 година е поверојатен датум.

Повеќе
Научниците развиле нов третман за поефикасна борба против недостатокот на железо во крвта
Тимот астронаути од кинеската вселенска станица се врати на Земјата
Ракетата Њу Глен на Блу Ориџин лансираше сателити на НАСА кон Марс
Биткоинот падна на најниско ниво за 6 месеци поради економската неизвесност во САД
Анкета: Луѓето повеќе не можат да разликуваат музика генерирана од ВИ од песни создадени од луѓе
Вработените на Старбакс стапуваат во штрајк во недостиг на колективен договор
САД престанаа да коват центи по повеќе од два века поради големите трошоци за производство
Научниците извлекоа ретки минерали од живи растенија
Астрономи предводени од турски научник открија нови планети надвор од Сончевиот систем
Научниците развиваат вештачки матки за да им помогнат на предвремено родените бебиња да преживеат
Стагнацијата продолжува додека новата германска влада се бори да го поттикне растот
Квантните компјутери може да станат комерцијално достапни во 2030-те
Направен важен чекор во мапирањето на развојот на човечкиот мозок
Извршниот директор на Nvidia вели дека САД заостануваат, Кина е подготвена да победи во трката со ВИ
Google планира изградба на центри за податоци со ВИ во вселената
Протеин од гренландскиот кит крие траги за продолжување на животниот век на човекот
Модели на ВИ покажуваат „нагон за преживување“, предупредуваат истражувачите
Самсунг со Нвидија ќе гради мегафабрика за вештачка интелигенција
Гунвор Груп ќе го купи имотот на Лукоил во странство
OpenAI го завршува преминот кон профит, ја поедноставува корпоративната структура