Кина ги критикува САД за пропаганда со Греми наградата за Далај Лама

Роден како Тензин Гјатсо, 90-годишниот Далај Лама беше прогласен за добитник на Греми наградата во неделата во категоријата аудио книга, нарација и раскажување приказни за „Медитации: Размислувањата на Неговата Светост Далај Лама“

By
Кина ги критикува САД за пропаганда со Греми наградата за Далај Лама / AP

Кина упати критики до САД по доделувањето на Греми наградата за Далај Лама, опишувајќи го потегот како „политичка алатка“ насочена кон Пекинг.

„Како што е општо познато, 14-тиот Далај не е чисто религиозен водач; туку тој е политички е во егзил и е посветен на антикинески сепаратистички активности под маската на религијата“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиан.

„Цврсто се спротивставуваме на тоа релевантните страни да ја користат наградата како алатка за антикинеско политичко маневрирање“, рече Лин. „Таквиот став е конзистентен и јасен“.

Роден како Тензин Гјатсо, 90-годишниот Далај Лама беше прогласен за добитник на Греми наградата во неделата во категоријата аудио книга, нарација и раскажување приказни за „Медитации: Размислувањата на Неговата Светост Далај Лама“.

Будистичкиот духовен водач, познат како 14-ти Далај Лама, беше поврзан и со минати контроверзии, вклучително и инцидент во 2023 година во кој тој побара од еден од своите студенти да му „го цица јазикот“, предизвикувајќи широка јавна реакција.

Кина ја презеде контролата врз Тибет во 1951 година, опишувајќи го потегот како „мирно ослободување“.

По неуспешното востание против кинеската власт во 1959 година, Далај Лама избега во Дарамсала во северна Индија, каде што подоцна основа тибетски парламент и влада во егзил.

Пекинг не ја признава оваа администрација, тврдејќи дека Тибет е дел од Кина уште од 13 век. Далај Лама, сепак, тврди дека Тибет бил независна држава во времето кога Кинеската народноослободителна армија влегла во регионот.