Двајца загинати во силни поплави кои ја погодија Грција

Грција е погодена од интензивни дождови, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови во среда, додека се очекува екстремната временска ситуација да продолжи и деновиве

By
Двајца загинати во силни поплави кои ја погодија Грција / Reuters

Две лица загинаа во Грција, откако поројните дождови, силните ветрови и снегот го погодија поголемиот дел од земјата.

Педесет и шестгодишна жена загина во јужна Атина откако беше удрена од автомобил кој го однеле надојдените води, пренесе дневниот весник „Катимерини“.

Претходно, 53-годишен офицер од крајбрежната стража, исто така, загина откако беше однесен во морето од силен бран во источен Пелопонез.

Грција е погодена од интензивни дождови, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови во среда, додека се очекува екстремната временска ситуација да продолжи и деновиве.

Шест региони се ставени во состојба на мобилизација, додека неколку домови се евакуирани низ целата земја како мерка на претпазливост.