Словенија ги призна возачите дозволи од земјите од Западен Балкан

Истото важи и за македонските возачки дозволи, односно лицата откако ќе пријават престој во Словенија ќе имаат рок од една година да ги заменат возачките дозволи

By
Словенија ги призна возачите дозволи од земјите од Западен Балкан / TRT Balkan MK

Словенија ги призна возачките дозволи издадени во земјите од Западен Балкан, па така лицата кои престојуваат во оваа земја при замената на возачката дозвола ќе нема потреба да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит кој важи за словенечките возачи.

Измените ги опфаќаат и сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово со регулиран престој да може да ги заменат своите возачки дозволи.

Истото важи и за македонските возачки дозволи, односно лицата откако ќе пријават престој во Словенија ќе имаат рок од една година да ги заменат возачките дозволи.

Целта е поедноставување на административните процедури и побрза интеграција на работниците.

Според пратеничката Сандра Газинковски од партијата Слобода која ги застапуваше законските измени сега ќе се отстранат непотребните административни пречки и ќе се олесни интеграцијата на странските работници.

Опозициските пратеници пак, критикуваа дека со измените можно е загрозување на безбедноста во сообраќајот од лица кои немаат полагано возачки испит во Словенија.

Оваа одлука претставува значително олеснување за илјадници граѓани кои живеат и работат во Словенија.