| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
ТЕХНОФЕСТ Југоисток поврзува 12.000 години историја со технолошката иднина на Туркије
Децата првпат имаат можност да видат напредни летала, а искуството со Ѓобеклитепе, воздушните настапи и одбранбените технологии ги привлекуваат посетителите во Шанлиурфа
ТЕХНОФЕСТ Југоисток поврзува 12.000 години историја со технолошката иднина на Туркије
ТЕХНОФЕСТ Југоисток ќе биде отворен до 4 октомври

Од приказната стара 12.000 години за Ѓобеклитепе до најновите беспилотни летала на Туркије, ТЕХНОФЕСТ Југоисток денес продолжи во Шанлиурфа, нудејќи им на посетителите патување низ минатото, сегашноста и иднината на технологијата.

Најголемиот светски фестивал за авијација, вселена и технологија го започна својот втор ден на аеродромот Шанлиурфа ГАП со воздушни демонстрации, научни работилници, интерактивни изложби и активности специјално осмислени за да ги инспирираат младите посетители.

Анадолу е глобален комуникациски партнер на настанот. Фестивалот се организира под раководство на Министерството за индустрија и технологија на Туркије и Фондацијата Турски технолошки тим, или Фондацијата Т3, со учество на одбранбената компанија СТМ.

Една од најпрепознатливите атракции е „Искуството Ѓобеклитепе“, каде што посетителите може да патуваат низ околу 12 милениуми за само три минути.

Користејќи екрани со приказ од 360 степени и реплика на камена стела, инсталацијата го истражува прашањето „Каде започна сè?“, истовремено поврзувајќи ги технологиите развиени од древните цивилизации со современиот технолошки развој на Туркије.

Искуството го претставува Ѓобеклитепе, често опишуван како „нулта точка на историјата“, не само како археолошки локалитет, туку и како почеток на приказната за човековата иновативност што продолжува до денес.

„Имаме екран што се протега од минатото кон иднината, со едно од леталата на ТЕХНОФЕСТ во неговиот центар“, рече координаторот Алпер Аслан. „Започнуваме во минатото и го објаснуваме развојот на одбранбените технологии до денес.“

Посетителката Еланур Јашар рече дека презентацијата ѝ овозможила да го види древниот локалитет од поинаква перспектива.

„Во Ѓобеклитепе ја доживуваме историјата во нејзиното автентично опкружување. Овде видовме како Ѓобеклитепе се поврзува со технологијата и цивилизацијата“, рече таа.

Покрај инсталацијата, деца од Шанлиурфа и околните области се собраа околу леталата произведени во земјата, меѓу кои и беспилотното борбено летало КИЗИЛЕЛМА, борбениот авион КААН и дронот АКИНЏИ.

За некои од нив ова беше прва можност одблизу да видат вакви летала.

„Бев многу возбудена. Првпат доаѓам на вакво место и многу ми беше драго што можев одблизу да видам летало“, рече младата посетителка Амина Абдулвахаб.

„Се надевам дека кога ќе пораснам, ќе може да работам нешто вакво“, додаде таа.

Ебубекир Шелале рече дека гледањето на леталата и на земја и во воздух го продлабочило неговиот интерес за авијацијата, додека Елиф Јилдирим им се заблагодари на оние што го донеле фестивалот во градот.

Јапонскиот амбасадор во Туркије, Масами Тамура, кој го посети фестивалскиот простор, ги пофали развојот на одбранбените технологии во Туркије и образовната улога на ТЕХНОФЕСТ.

„Многу сум импресиониран од напредокот на Туркије во одбранбените технологии. Исто така, многу сум изненаден од ваков одличен настан“, изјави Тамура за Анадолу, додавајќи дека Јапонија нема споредлив настан од такви размери.

Тој рече дека запознавањето на децата со науката и одбранбените технологии преку забавни активности е особено вредно и предвиде продлабочување на турско-јапонската соработка.

„Соработката меѓу Туркије и Јапонија, исто така, е важна за светскиот мир“, рече тој. „Јапонците ја сакаат Туркије и овде особено сакам да го нагласам тоа.“

Програмата денес вклучува и нов настап на акробатскиот тим „Турски ѕвезди“, како и демонстрации со хеликоптери АТАК, ХУРКУШ, ЏЕЗЕРИ, АНКА, дроновите Бајрактар ТБ2 и ТБ3 и АКИНЏИ.

Посетителите може да разгледаат и симулатори, планетариум, научни презентации, едукативни работилници и национални воздушни, копнени и поморски возила. Денот ќе заврши со концерт на турскиот пејач Семиченк.

ТЕХНОФЕСТ Југоисток ќе биде отворен до 4 октомври.

Повеќе
Трамп: Израелски водоводџија го спасил авионот од ТВ емисија за воздухопловни несреќи
Нема жртви во ноќните напади со беспилотни летала меѓу Русија и Украина
Анкета: 73 проценти од Американците се загрижени дека ВИ може да го загрози опстанокот на човештвото
Рубио ѝ наредил на иранската преговарачка делегација да ги напушти САД откако преговорите запреле
Парламентот на Нов Зеланд распуштен пред националните избори во ноември
Кина ја одбележува 77-годишнината од своето основање
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани
Туркије ја повикува меѓународната заедница да преземе „конкретни чекори“ против Израел
Расправија меѓу пилотите наводно го активирала кодот за киднапирање на летот од Дубаи кон Тел Авив
Русија: Европските фабрики што ја вооружуваат Украина се потенцијални воени цели
Моди разговарал со Трамп- Индија бара привремен трговски договор со САД
Загреб: Судот го прогласи штрајкот на незаконски, трамваите и автобусите се вратија на улиците
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање на Велика Британија во ЕУ
Германска сојузна покраина ветува посилни економски врски со Туркије
Фити: Јавниот долг, одливот на мозоци и енергетската зависност се меѓу најголемите предизвици