Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
РЕГИОН
4 мин читање
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?Белиот стап претставува помагало за самостојно движење и симбол за независност на луѓето со оштетен вид. Иницијативата за ден на белиот стап формално започнува од 1964 година.
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап? / TRT Balkan

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, глобална иницијатива што се прославува секоја година на 15-ти октомври. Тоа е ден посветен на признавање на значењето на белиот стап во животот на слепите лица и лицата со оштетен вид. Овој ден служи како симбол на независност, мобилност и охрабрување за слепата заедница.

Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.

Белиот стап претставува помагало за самостојно движење и симбол за независност на луѓето со оштетен вид. Иницијативата за ден на белиот стап формално започнува од 1964 година во која учествувал тогашниот американски претседател Линдон Б. Џонсон. 

Низ годините, одбележувањето на важноста на белиот стап се има проширено во голем број земји низ светот и ги симболизира активното и независното учество на луѓето со оштетен вид во општеството. 

Зошто токму бел стап?

Историски, користењето на рачно изработени дрвени стапови од страна на слепите луѓе било честа појава со векови наназад, но овие стапови не биле доволно забележливи во сѐ поголемите урбани средини. Затоа, организациите низ Европа и САД експериментирале со обојување на стаповите што ги користеле со бела боја, што се покажало ефикасно и функционално.

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап

На настанот што е во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и „Зета“ – организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепите, македонската министерка за образование и наука Весна Јаневска истакна дека Владата работи на зголемување на инклузивноста на воспитно-образовниот систем, со цел секое дете да има можност да ги развива своите таленти и потенцијали независно од тоа дали има посебни образовни потреби.

„Оваа учебна година ја почнавме со најголем број образовни асистенти досега. Ангажирани се 1.602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование, што е рекорден број. Во 2024 година имавме само 800. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица за образовна асистенција“, рече Јаневска.

Таа посочи дека во насока на поголема инклузивност се работи и на зајакнување на стручните служби во училиштата, подобрување на пристапноста на училишните објекти преку поставување рампи и изградба на тоалети за учениците со попреченост, како и на обезбедување дополнителна поддршка за студентите.

Министерката информира дека се воведени и две нови категории студентски стипендии наменети за студенти со попреченост и со ретки болести.

Говорејќи за образованието на децата и младите со оштетен вид, Јаневска посочи дека Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје од минатата година функционира како ресурсен центар, во кој работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници и стручни лица обучени за поддршка на учениците со посебни образовни потреби.

Јаневска најави дека училиштето е предвидено за реконструкција по завршувањето на активностите поврзани со студентските домови.

Министерката информира и дека во соработка со Државниот архив на Македонија е изработена книга со основни теми поврзани со државата, како и со значајни настани од светската историја, наменета за учениците со оштетен вид, кои досега немале можност да ги прочитаат овие содржини во соодветен формат.

Таа додаде дека одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап е можност за подигнување на јавната свест и за потсетување на обврската на институциите на секое дете да му овозможат да ги оствари своите соништа, таленти и потенцијали.

Македонскиот Национален сојуз на слепите лица каде што членството е доброволно, брои 2.500 лица, додека вкупната бројка на слепи лица, исто така според статистиките на Националниот сојуз, изнесува околу 10.000.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Шведскиот парламент гласаше против назначувањето на Магдалена Андерсон за премиерка
Невидени врнежи од дожд предизвикаа ненадејни поплави во Истанбул
Извештај: Израел привел 2.000 палестински деца од 2023 година
Маск го повика Зеленски да си замине од функцијата бидејќи ја доведува во прашање поддршката од САД
Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
Вучиќ: Никој никогаш не се мешал во изборите во Србија толку многу како сега Хрватска
Зеленски: Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии
Белата куќа ја брани прес-секретарката Кејти Закарија поради прашања околу правните акредитиви
Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
17 ученици загинаа при уривање на покрив на училиште во северозападен Пакистан
Анталија пречека 14 милиони странски туристи и покрај глобалните предизвици
Северна Кореја тестираше два вида стратегиски крстосувачки ракети лансирани од подморница
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Почина пациентка со западнонилска треска, вкупниот број на жртви се искачи на 11
Јемен: Неутрализирани 1.250 борци на Хутите