| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 100 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98-102 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе се продава по 111,50 денари за литар
Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) поевтинува за 4,5 денари и ќе се продава по 100 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика информираше дека од полноќ стапуваат нови цени на горивата. Бензините поскапуваат за еден денар по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В)поевтинува за 4,5 денари и ќе се продава по 100 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 100 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98-102 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе се продава по 111,50 денари за литар, додека мазутот ќе чини 49,882 денари за килограм.

Според Регулаторната комисија за енергетика, со новата пресметка малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,06 проценти во однос на цените од 21 септември.

Клучната промена е кај дизелот.

Неговата референтна цена на светскиот пазар во изминатиот период се намалила во просек за 6,7 проценти, или за повеќе од 107 долари по тон.

Кај бензините, пак, берзанската цена практично останала непроменета, со минимален раст од 0,049 проценти.

Во пресметката влијаел и курсот на доларот. Денарот во однос на американската валута во просек бил послаб за нешто помалку од еден процент, што делумно го намалило ефектот од поевтинувањето на дизелот на светските берзи.

Дополнително, Владата денеска донела одлука повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот да продолжи да се применува и во оваа пресметка.

Продолжена е и мерката за намалена акциза од четири денари по литар за бензините и дизелот.

Со комбинацијата од пониска берзанска цена на дизелот, задржаното ДДВ од 10 проценти и намалената акциза, дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 4,5 денари по литар.

Новите цени ќе важат до следната пресметка на Регулаторната комисија.

Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ