Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека минатата година никогаш не побарал дозвола од американскиот претседател Доналд Трамп да го нападне Иран.
„Јас едноставно го информирав. Му реков дека одиме во Иран затоа што нема да седам и да чекам нашите непријатели кои отворено, гласно, изјавуваат дека сакаат да нè уништат, а и вас (Америка), патем. Нема да го дозволам тоа. И затоа дејствувавме. Не побарав дозвола“, рече Нетанјаху во говорот на конференцијата Муни Експо во Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.
ПРЕПОРАЧАНО
Коментарите на Нетанјаху се сметаат за насочени кон потврдување на стратешката независност на Израел во услови на тензии меѓу Израел и САД околу континуираниот притисок на Трамп за договор со Иран.















