Претрес во канцелариите на Дојче Банк поради сомневање за перење пари поврзано со Роман Абрамович
Обвинителите во Франкфурт велат дека истражуваат неидентификувани вработени во Дојче Банк поради сомневање за перење пари поврзано со зделки со странски компании
Германските обвинители и полицијата го претресле седиштето на Дојче Банк во Франкфурт и нејзината канцеларија во Берлин во истрага за сомневање за кривични дела за перење пари, соопштија официјални лица.
Истрагата е поврзана со сомневања за кривични дела во зделките на банката со компании поврзани со рускиот милијардер Роман Абрамович, објави весникот „Зидојче Цајтунг“ во среда.
Обвинителите ги потврдија рациите, но не кажаа кој бил цел.
Канцеларијата на обвинителството во Франкфурт соопшти дека спроведува „истрага за непознати одговорни лица и вработени во Дојче Банк поради сомневање за перење пари... и поврзани дополнителни обвинувања според Законот за спречување на перење пари“.
„Во минатото, Дојче Банк одржуваше деловни односи со странски компании за кои... се сомнева дека биле користени за целите на перење пари“, изјави портпаролот на канцеларијата во изјава за АФП.
Се вели дека истрагата ја спроведува специјализирана единица за економски криминал заедно со федералната полиција.
Портпаролот на Дојче Банк ги потврди рациите, а банката рече дека „целосно соработува со обвинителите“, но одби да коментира понатаму.
Абрамович е санкциониран од ЕУ по војната на Русија во Украина.
Зидојче Цајтунг напиша дека Дојче Банк е под истрага поради сомнение дека не пријавиле навремено можно перење пари.