Израел испрати во Газа тела на 54 Палестинци и кутии со останки од 66 починати
Министерството за здравство на Газа соопшти дека процесите на испитување и документирање се во тек во координација со надлежните органи, а на семејствата ќе им биде дозволено да ги идентификуваат телата откако ќе се завршат тие процедури
Министерството за здравство на Газа соопшти дека 54 палестински тела и десетици кутии што содржат човечки останки се префрлени во Газа откако биле ослободени од Израел, а испораката е извршена преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Во соопштението од среда, министерството соопшти дека 54 тела и 66 кутии со човечки останки пристигнале во медицинскиот комплекс Ал-Шифа со возила на Црвениот крст.
Медицинските тимови веднаш започнале со форензичко постапување во согласност со одобрените медицински процедури.
Министерството соопшти дека процесите на испитување и документирање се во тек во координација со надлежните органи и специјализираните комитети.
На семејствата ќе им биде дозволено да ги идентификуваат телата откако ќе се завршат тие процедури, во согласност со утврдените протоколи.
Трансферот доаѓа во услови на континуирани израелски прекршувања на договорот за фазен прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.
Прекинот на огнот, објавен од САД во јануари, вклучува одредби за дополнително повлекување на израелските трупи од Газа и започнување на напорите за реконструкција.
Обединетите нации ги проценија трошоците за обнова на енклавата на околу 70 милијарди долари.
Во меѓувреме, и покрај тековниот прекин на огнот постигнат со посредство на САД, 21 Палестинец, вклучувајќи жени и деца, биле убиени, а другисе повредени рано во среда од израелските напади насочени кон шатори за раселени лица, куќа и врз насобрани цивили во Газа, според медицински извори.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека две лица, вклучувајќи и болничар, биле убиени, а 12 други биле ранети во гранатирањето на улица во во Кан Јунис во јужна Газа.
Ранетите биле однесени во теренската болница на Црвената полумесечина во ал Маваси, додаде организацијата.