| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
3 мин читање
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Планот е дел од неговата изборна кампања и предвидува 250.000 Палестинци да ја напуштат Газа во првата година, a неговата екстремно десничарска партија наводно планира да го постави како услов за влез во следната влада
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Планот предвидува за секој поединец или семејство што ќе ја напушти Газа да биде обезбедена земја-дестинација, заедно со правен статус и сместување

Израелскиот министер за национална безбедност и лидер на екстремно десничарската партија Еврејска сила, Итамар Бен Гвир подготвил план за преселување на околу 1,86 милиони Палестинци од Појасот Газа во период од седум години, кој планира да го претстави денес како дел од својата изборна кампања, објави локален медиум.

Бен Гвир на јавноста ќе ѝ го претстави планот наречен „Раздвојување 710“, заснован врз концептот на „доброволна миграција“ од Газа, објави израелскиот весник Једиот Ахронот.

Според наводите, планот предвидува 250.000 Палестинци да ја напуштат Газа во првата година, 1,11 милиони во рок од три години и околу 1,86 милиони во рок од седум години.

Бен Гвир планира иницијативата да стане централен дел од неговата изборна кампања откако со месеци работел на неа, се додава.

Неговата партија Еврејска сила, исто така, планира усвојувањето на иницијативата да биде едно од клучните барања во сите преговори за влез во следната израелска Влада, се наведува во извештајот.

Планот предвидува за секој поединец или семејство што ќе ја напушти Газа да биде обезбедена земја-дестинација, заедно со правен статус, документација, визи, средства за патување и почетно сместување.

Исто така, предвидува стручна обука, помош при вработување и поддршка во период до 24 месеци, според наводите.

Планот се темели на 12 принципи, вклучително и она што го нарекува „доброволно заминување“, како и условот „никој да не замине без земја подготвена да го прими и да му обезбеди регулиран правен статус“, според извештајот.

Планот дополнително предлага „исплати“ на земјите и субјектите што ќе ги примат лицата што ја напуштаат Газа, врз основа на „нивната успешност, индивидуалните безбедносни проверки и годишните цели за спроведување“.

Исто така, се повикува на „месечни извештаи за бројот на апликации, одобренија и заминувања“, како и за „трошоците и степенот до кој лицата што заминале се интегрирани во земјите-дестинации“.

За воспоставување и започнување на планот би била потребна почетна израелска инвестиција од 10 милијарди шекели (3,1 милијарда долари), според наводите.

Планот, исто така, предвидува израелска финансиска рамка до 50 милијарди шекели (15,6 милијарди долари), во зависност од меѓународното учество и договорите со земјите-дестинации.

Во Појасот Газа моментално живеат повеќе од 2,2 милиони Палестинци.

Општите избори во Израел се закажани за 27 октомври. Актуелната Влада се опишува како најдесничарска во историјата на Израел.

Израел ја започна својата офанзива во Газа на 8 октомври 2023 година.

Офанзивата траеше две години и предизвика широко распространето уништување, додека израелските прекршувања продолжија и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година.

Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија