| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски од Давос: Ја зајакнуваме енергетската инфраструктура и развиваме проекти за хидроцентрали
Некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци за да имаат одлични перформанси на ВИ, па во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција и почнуваме да градиме со Србија, рече премиерот
Мицкоски од Давос: Ја зајакнуваме енергетската инфраструктура и развиваме проекти за хидроцентрали
Мицкоски нагласи дека како земја практично сме фокусирани на енергијата, но оти во исто време имаме и други приоритети / Others

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас во однос на вештачката интелигенција, се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Прмиерот одговарал на прашања што се однесуваат на вештачката интелигенција и потребните центри за гас, како и за она што го прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

„Во однос на вештачката интелигенција, ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци ви е потребно одржливо, би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи, некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци за да имаат добри, би рекол, одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија“, изјавил Мицкоски.

Според него, ова ќе значи зголемување на капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно.

„Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет во електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, нагласил Мицкоски.

Тој посочил дека во моментот се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, како што потенцира, не се важни само за Македонија, туку и за регионот.

„Сега развиваме три големи проекти во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост. Зборуваме за три големи брани, кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви вода за пиење со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, Црна Река. Низводно од таа каскада го имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регион е познат како Тиквешки Регион“, истакна македонскиот премиер.

Мицкоски нагласи дека како земја практично сме фокусирани на енергијата, но оти во исто време имаме и други приоритети.

„Но, веројатно, сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборува за електричната енергија и за сите оние проекти што се поврзани некако со тие две многу важни прашања не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многупати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие може да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат само како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16-17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, истакна премиерот на панел-дискусијата во Давос.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови