ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнува ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, според соопштението на Министерството за одбрана објавено на X
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнува ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, според соопштението на Министерството за одбрана објавено на X.
„Звуците што се слушаат во различни области на земјата се резултат на пресретнување на балистички ракети од страна на системите за противвоздушна одбрана и пресретнување на беспилотни летала и крстосувачки авиони од страна на борбени авиони“, соопшти Министерството.
Израел и САД продолжуваат со заедничка офанзива во Иран од 28 февруари, при што досега се убиени околу 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои имаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, а наедно и нарушување на глобалните пазари и авијацијата.