Пакистан рангиран како најзагадена земја во светот
Следуваат Бангладеш, Таџикистан, Чад, и Демократска Република Конго
Пакистан e рангиран како најзагадена земја во светот во 2025 година, по што следуваат Бангладеш и Таџикистан, покажaa најновите податоци за квалитетот на воздухот.
Пакистан се најде на врвот на листата со концентрации на опасни мали честички познати како ПМ 2.5 до 13 пати повисоки од препорачаното ниво на Светската здравствена организација (СЗО), соопшти швајцарската фирма за мониторинг на квалитетот на воздухот IQAir во својот годишен извештај.
Според извештајот, петте најзагадени земји беа Пакистан, Бангладеш , Таџикистан, Чад и Демократска Република Конго.
Најзагадени градови
Градот Лони во најголемата индиска држава Утар Пардеш беше најзагадениот град, со годишна просечна концентрација на PM2.5 од 112,5 микрограми на метар кубен - зголемување од речиси 23% од 2024 година и повеќе од 22 пати над упатството на СЗО.
25-те најзагадени градови во светот се наоѓаат во Индија, Пакистан и Кина, а Индија е дом на три од четирите најлоши.
Ел Пасо, Тексас, беше најзагадениот голем град во САД, додека југоисточен Лос Анџелес, Калифорнија, беше рангиран како најзагаден регион. Сиетл, Вашингтон, беше најчистиот голем американски град.